Пред избори воздухот смрди, на власт сè е чисто
Најновите изуми за прочистување на воздухот се запишаа како ветување во предизборните програми. Скопје како Пекинг, воздухот и водата прв приоритет. Но, хартија трпи сè! Старо правило кај нас е дека на лист тече мед и млеко, во реалноста не е баш така. Град Скопје се пофали дека за четири години донеле 39 мерки за да делуваат на аерозагадувањето. Граѓанските организации предупредуваат плановите да се поврзани и долгорочни ако заложбите за чист амбиентален воздух се искрени.