fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
privatizarana zemjata na izletnicite pejsazot na kozjak nikogas nema da bide ist 8

Приватизарана земјата на излетниците, пејсажот на Козјак никогаш нема да биде ист

Македонските пејсажи се незаштитено природно богатство иако нивна заштита налагаат  европските конвенции и практикуваат многу земји во светот. Најнов пример на узурпација на јавен простор од приватниот интерес, а поттикнат од политичките елити на локално и централно ниво е околината на езерото Козјак, локација која поради убавите пејсажи и незагадената природа во изминативе години стана едно од омилените излетнички места во Скопје.

Преземено од фејсбук статус на Дадо Тапшанов

Денес, градежната механизација која работи на изградба на ресторан ги нагрдува убавината и спектакуларната глетка на природата кај езерото Козјак.

Иако на таблата поставена на заградената парцела пишува дека како инвеститор се јавува физичко лице, од општина Сопиште велат дека зад изградбата на угостителскиот  објект на Козјак стои туристичката агенција „Аурора турс“.

Оттаму додаваат дека парцелата е од 1.000 квадрати и дека на 300 квадрати ќе се гради ресторан, а на останатите 700 квадрати инвеститорот е обврзан да постави придружни спортски содржини и зеленило.

Станува збор за локација која се наоѓа малку по познатиот видиковец на Козјак. Од општината објаснуваат дека станува збор за незаштитеното подрачје кое се наоѓа спроти Јасен и за која деталниот урбанистички план е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Општинските служби велат дека парцелата била купена на јавно наддавање, дека се продадени уште неколку парцели на фирми од хотелиерскиот бизнис и дека таму се планира градба на уште неколку објекти.

Идеја за формирање на Туристичко-рекреативен центар, во непосредна близина на град Скопје кај Козјак има од 2014 година, кога Агенцијата за планирање на просторот за таа цел објави план за урбанизација.

Privatizarana zemjata na izletnicite pejsazot na Kozjak nikogas nema da bide ist 7

„Подрачјето е дефинирано со Просторен план на Република Македонија и сообраќајно добро поврзано со град Скопје и без постојна инфраструктура. Предметниот простор во планскиот опфат кој е предмет на урбанистичкиот план вон населено место зафаќа површина од 45,29 ха, е неорганизирана површина, необработливо земјиште, со природни убавини , прекрасна глетка на долината на река Треска и вештачкото езеро Козјак и поширокото опкружување. “, се вели во објавата на агенцијата.

Во овој план на Агенцијата во идниот туристички рекреативен центар кај Козјак треба да има големи угостителски единици, викенд-бунгалови, мали комерцијални објекти и паркинзи на околу 69.000 квадрати.

Границата на планскиот опфат за планскиот документ за Туристичко – рекреативен центар, „Козјак“, м.в. Рудине, КО Света Петка административно припаѓа на општина Сопиште.

Иако изградбата на ваквите објекти е поткрепена со урбанистички планови и законска регулатива се наметнува прашањето колку локалната власт и Владата ги земаат предвид аргументите против своевидна урбанизација на вакви природни убавини во интерес на приватниот капитал, а на штета на граѓаните кои редовно го користат ова место за да престојуваат во природа, да рекреираат со велосипеди и да ги одморат очите од градското секојдневие.

Неколку аргументи против ваквите проекти

  • Со вакви мегаломански градби се влијае на пејзажот и на изгледот на пределот
  • Иако некој природен локалитет нема големо природно значење, со посета на луѓето тој добива културно и природно значење како излетничко место
  • Со зголемената урбанизација во Скопје и намаленето градско зеленило се намалуваат и местата за посета на природа и рекреација во околината на Скопје.
  • Места кои прераснале во јавни собиралишта за пикник не смеат да се приватизираат поради социјалната и културолошката вредност ја добиле.
  • Во Извештајот за оцена за влијание врз животната средина, уништувањето на пејзажот мора да биде најлошо оценето.
  • Постоењето на локалитети во природата кои луѓето може да ги посетуваат го подобрува квалитетот на живот на локалното население

Текстот го изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Владо Николоски

Сподели