fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 3

Сечењето на дрвја во Скопје мора да запре

Во Скопје се’ уште се сечат дрвја. Еколошката состојба на градот и сечата на дрвја е една од најголемите грижи на граѓаните на Скопје во последните години. Иако во неколку наврати беше најавен мораториум на сечата – речиси не постои месец во кој низ Скопје не се исекле, стари, возрасни развиени дрвја.

Сеча во Аеродром

Во Аеродром активно се сечат дрвја речиси цела година. Сето ова сечење е поради развивање на урбанистичкиот дел на населбата, најмногу за изградба на деловни и станбени објекти. Со цел ослободување на просторот за изградба на нови згради во Аеродром, кај Тобако 2 на булеварот „Трета Македонска бригада“ летово беа исечени повеќе групи на возрасни дрвја. Ниту општината, ниту инвеститорот не понудија јавно, никаков план за репарација на штетата.

Во изминатиот месец преку ноќ исчезна поголема група на возрасни дрвја кои се наоѓаа на булеварот „Трета Македонска бригада“, веднаш пред Поликлиниката Мајчин Дом. На зеленилото кај Мајчин дом сега ќе никнува деветокатница, а парцелата е во приватна сопственост. Сопственикот на парцелата најави засадување на еднаков број на стебла, колку што исекол.

Последното сечење на дрвја во Аеродром се случи пред неколку дена, на булеварот АСНОМ, близу брегот на Вардар и мостот Киро Глигоров. Беа исечени неколку големи стебла од топола од стариот дрворед на булеварот. Според изјавата доставена до медиумите се работело за стари дрвја кои претставувале опасност за граѓаните. Иако според фотографиите дрвјата не делуваат исушено или болно. Според позицијата на дрвјата делува дека тие се исечени за да не го нарушат погледот кон хотелот од булеварот.

Инаку зеленилото на оваа локација со години се оштетува и намалува. Од една мала урбана шума, на кејот на Вардар сега веќе не остана ништо.

Ова се податоците за споредба според системот Google Maps од 2009 и 2018.

secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 1 secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 2
Состојба 2009 Состојба 2018

Состојба кај булевар АСНОМ

secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 3

Состојба кај Мајчин дом

secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 4 secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 5

Сеча во Гази Баба

На територијата на Гази Баба се сечат стари дрвја со иста динамика како и во другите скопски населби. Летово во населбата Железара беа исечени неколку помали групи на дрвја. Ниту општината, ниту Град Скопје понудија план за репарација на истите.

Последното сечење на дрвја во Гази Баба се случи пред една недела, кога беа исечени неколку големи возрасни дрвја од стариот и уреден дрворед на булеварот „Александар Македонски“, веднаш по хотелот Континентал. Според сечата, делува дека дрвјата се исечени со цел отворање на простор за влез на возилата во новата бензинска пумпа што е во изградба. Сечата на овие дрвја е целосно непотребна зошто место за приод има во делот веднаш зад дрворедот, а приодот може да се направи по автобуската станица.

secenjeto na drvja vo skopje mora da zapre 6

Чување, а не садење на нови садници

Во интервју за #Дома, градоначалникот Шилегов изјави дека Градот ќе стане кочничар на сечата на дрвја, но тоа за сега не може да се увиди.

Старите, возрасни дрвја имаат многу поголемо значење за екосистемот од новите насади. Освен што го прочистуваат воздухот, самите дрвја претставуваат и живеалиште. Возрасното дрво е сигурен извор на кислород и хабитат, а новите насади се само потенцијална шанса за тоа.

Со ветувањата за нови насади по сечата, никако не се решава проблемот – туку само се влошува. За новите насади, доколку се постават треба инвеститорот или пак градот да гарантира за нивна грижа се до нивното созревање.

Наместо барање на оправдување за сеча и притоа замачкување на проблемот со нови садници, треба да се спречи секакво сечење на дрвја во Скопје. Не привремено – туку трајно.

Сподели