Извор и автори: Nature Sustainability volume 1, pages518–525 (2018)

Растителната исхрана има помал „воден отпечаток“ во споредба со исхраната базирана на место.

Количеството вода потребно за производство на храна во најголемиот дел од Европа би можело значително да се намали ако луѓето го подобрат својот начин на исхрана.

Вегетаријанскиот начин на исхрана, со или без морска храна, бара значително помалку вода за производство во споредба со исхраната со свежо месо и месни производи, како што се колбаси. Дејви Ванхам и неговите колеги од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија со седиште во Испра, Италија, го утврдија количеството на вода потребно за производство на храна и алкохолни пијалаци кои се консумираат во секој од околу 44.000-те административни области во Велика Британија, Франција и Германија.

Авторите утврдија дека, ако луѓето се придржуваат кон националните насоки за исхрана (кои најчесто препорачуваат балансирани оброци со овошје, зеленчук и житарки) „водниот отпечаток“ на секоја од овие области би се намалил од 11 до 55% зависно од регионалните навики за исхрана.

Можеби ќе биде потребен еден микс од неколку пристапи, вклучувајќи и кампањи и регулаторни мерки за здравствени информации за да се стимулира промена на навиките во исхраната, што е во полза и на човековото здравје и на животната средина, велат авторите.