Росмонд Хат, Светски економски форум

Простирајќи се од Арктикот до Црното Море, Железната завеса го одвојуваше комунистичкиот исток од капиталистичкиот запад во период од речиси 45 години.

Станува збор за подрачје во кое не беше дозволен пристап на луѓе (освен за стражарите наоружани со автоматско оружје) а кое беше оградено со бодликава жица, со мини и со стражарски кули. Токму тоа подрачје стана прибежите на неверојатен број на жив свет.

Со оглед на тоа дека беа поштедени од земјоделски активности и друг вид на развој, и тоа во период кој траеше повеќе од четири децении, живеалиштата (како што се тундрите, бореалните шуми, ливадите, пасиштата и мочуриштата) доживеаја свој процут долж старата линија на поделба и претставуваа „еколошки коридор“ за волците, мечките, рисот, орелот и другиот жив свет.

1.400 километри) се наоѓаат повеќе од 600 загрозени животински и растителни видови, како што е констатирано во истражувањето на германските групи за конзервација.

Успешната зелена приказна

Благодарение на брзата реакција на конзервационистите во Германија, и тоа од двете страни на железната завеса, и тоа речиси три децении по падот на Берлинскиот ѕид, Европа сè уште го има ова парче дивина.

Фотографија: Европската иницијатива „Зелен појас“

Кога Берлинскиот ѕид падна во месец ноември 1989 година, конзервационистите од Источна и Западна Германија побрзаа да го зачуваат недопреното земјиште во граничната зона, од страв истото да не биде проголтано од патишта, објекти за домување и фарми.

Нивните напори резултираа со проектот „Зелен појас Германија“, кој потоа во 2003 година доведе до следење на природниот резерват кој се формираше на подрачјето на поранешната железна завеса, од Баренцовото море, долж бреговите Балтикот, низ Централна Европа, преку Балканот, до Црното море.

Европскиот зелен појас поврзува 40 национални паркови во 24 држави. Повеќето од овие подрачја се релативно невознемирувани од луѓето (иако иницијативата за Европски зелен појас го поттикнува одржливиот туризам, вклучувајќи ја тука и велосипедската патека Iron Curtain Trail.)

„Без никаква намера, железната завеса го поттикна зачувувањето и развојот на живеалиштата и со тоа имаше функција на прибежиште на голем број загрозени видови“, напишано е на интернет страницата на Европскиот зелен појас.

„Од подрачје на смрт, во подрачје на живот“

Германскиот орнитолог и конзервационист, Каи Форбел, чиј проект за „Зелен појас Германија“ го овозможи моделот за Европскиот зелен појас, во едно интервју NBC News во 2017 година посочи дека на природата ѝ бил овозможен „голем одмор“ од активностите на човекот во период од речиси половина век.

„Зелениот појас беше едно од неколкуте места во Германија каде земјиштето не беше искористено, без земјоделска активност и без патишта. И токму тоа беше шансата на природата. Природата имаше пауза од речиси педесет години да живее на ова подрачје“, изјави тој.

„Така што, овој зелен појас се претвори од подрачје на смрт, во подрачје на живот“.

Фробел и неговите колеги исто така разговарале и со своите колеги од Јужна Кореја за тоа како да се заштити биолошката разновидност во демилитаризираната зона помеѓу двете Кореи, која се претвори во прибежиште за некои од најзагрозените видови во Азија.

„Ова е единствениот регион на светот кој може да се спореди со Германија во периодот пред 1989 година“, изјави тој во едно интервју за Дојче Веле во 2017 година.