Дејмиен Карингтон, уредник за животна средина – The Guardinan

Пестиците и антибиотиците ги загадуваат водотеците низ цела Европа, е заклучокот содржан во една студија. Научниците велат дека ваквото загадување е опасно за живиот свет и можно е да го зголеми развојот на микроби кои се отпорни на лекови.

Анализирани беа вкупно 29 водотеци во 10 европски држави, вклучително и Обединетото Кралство, при што беа откриени повеќе од 100 пестициди и 21 лек. Една четвртина од хемикалиите кои беа откриени се забранети додека половината од водотеците кои беа анализирани содржеа најмалку еден пестициди над максимално дозволените граници.

Истражувачите посочуваат дека големиот број на пестициди и лекови кои биле пронајдени значи дека имало присуство на комплексни мешавини, чии влијанија не се познати. За пестицидите се знае дека се еден од факторите кои влијаат на значително намалување на популациите на многу инсекти, а птиците зависат од нив во својата исхрана. За инсектицидите беше посочено дека ги загадуваат реките во Англија во 2017 година.

„Важноста на нашата нова работа е да ја покажеме превалентноста на биолошки активните хемикалии во водотеците низ цела Европа“, вели Пол Џонстон од истражувачките лаборатории на Гринпис од Универзитетот во Ексетер. „Тука е потенцијалот за влијание врз еко системите“.

Истражувањето беше објавено до списанието Science of the Total Environment и утврди хербициди, фунгициди, инсектициди како и антимикробијални лекови кои се користат кај добитокот. Ризикот за луѓето од отпорноста на антимикробијалните лекови е добро познат, но Џонстон исто така ја потенцира отпорноста и на фунгицидите. „Во болниците има некои мошне ‘гадни’ фунгијални инфекции кои земаат замав“, вели тој.

Еден од најголемите светски производители на пестициди, Сингента, неодамна објави „огромен пресврт во својата глобална стратегија“ со цел да ги земе предвид укажувањата на Одборот на здружението и да ги намали резидуите во животната средина.

„Постои неспорна потреба од голема промена во нашето работење“, изјави Александра Бренд, службено лице на Сингента. „Нашата иновативно ќе ја ставиме уште повеќе во служба на тоа да им помагаме на фармите да станат отпорни на климатски промени и да можат подобро да се прилагодуваат на барањата на потрошувачите, вклучително и намалување на емисиите на јаглерод, реверзибилност на ерозијата на почвата и на намалувањето на биодиверзитетот.”

Еден друг поголем производител на пестициди, Баер, неодамна изјави дека јавно ги објавува сите 107 студии кои се доставени до европските регулатори а се однесуваат на безбедноста на нивниот контроверзен хербицид глифосат.

„Транспарентноста е катализатор на довербата, така што поголема транспарентност е добра работа за потрошувачите, креаторите на политики и за бизнисите“, изјави Лиам Кондон, претседател на Bayer Crop Science. Во месец март, сојузната порота во Соединетите Држави констатираше дека хербицидот по име Раундап (Roundup) беше значителен фактор кој предизвикува рак кај луѓето Калифорнија.

Техниките за тестирање кои беа користени во ново истражување овозможија да бидат детектирани само мал дел од пестицидите. Студијата не ги опфати двата најчесто користени пестициди – глифосат и хлороталонил, што значи дека резултатите се одраз само на минимално ниво на загаденост. Истражувањето исто така се фокусираше на водотеците, затоа што во нив се наоѓа најголем дел од акватичниот жив свет.

Детектирањето на голем број на пестициди кои веќе долго време се забранети не мора да значи дека е предизвикано од нивното континуирано незаконско користење, велат научниците, туку би можело да биде резултат на истекување на перзистентни хемикалии кои се наоѓаат во почвата. Студијата беше направена пред Европската унија да ги забрани најчесто користените инсектициди за секаква надворешна употреба.

Ајриш Вотер изјави неодамна дека се случува нарушување на нивоата на пестициди кои се користат а кои се зададени во ЕУ и тоа во јавното водоснабдување низ цела Ирска. Во Швајцарија, пак, една друга нова студија констатираше дека почвите кај 93% од органските фарми се контаминирани со инсектициди, како и 80% од подрачјата кои земјоделците ги имаат наменето за живиот свет.

Истражувањето дополнително утврди во 2013 година дека инсектицидите ги уништуваат вилинските коњчиња, полжавите и другите видови кои живеат покрај вода во Холандија. На некои места загадувањето беше толку интензивно што и самата вода од блатото можеше да се користи како пестицид. Една друга студија во Франција во 2017 утврди дека речиси сите фарми би можеле да престанат со користење на пестициди и повторно би произведувале исти количества храна.

Џонстон изјави дека „Земјоделците не сакаат да ги загадуваат реките а водостопанствата не сакаат да го отстрануваат сето тоа загадување, така што треба да работиме во насока на намалување на отпорноста на пестицидите и на ветеринарните лекови, и тоа преку поодржливо земјоделство. Тука не станува збор за тоа дали ќе бидеме ние против земјоделците или водостопанствата, или едни против други.”