ScienceView.com

Во Европа во тек се студии кои истражуваат до кој степен пештерите се користат за чување работи од страна на домаќинствата, за снабдување со вода и за разладување. Една голема пештера во југозападниот дел од државата Вирџинија, на пример, се користи како природен тунел од страна на Јужните Железници во Соединетите Држави.

Za upotrebata na pesterite

Уште од почетокот на деветнаесеттиот век па до периодот на Граѓанската војна во САД, пештерите во сојузните држави Кентаки, Тенеси, Вирџинија, Западна Вирџинија, Алабама, Џорџија, Арканзас и Мисури беа многу важни извори на нитрати кои се основна состојка на барутот. Наслагите од нитратни соли кои се наоѓаат на површината или многу блиску до површината формираат обвивка на карпестите ѕидови, ги пополнуваат пукнатините и расцепите и се испреплетуваат со земјата во пештерите. Потеклото на нитратните соли не е доволно разјаснето но се смета дека тие се резултат на делувањето на нитратните бактерии врз органската материја или хумусот. Иако во тоа време не се водела точна евиденција за производството, се проценува дека од Мамутската пештера во Кентаки биле извадени повеќе од 15.000 тони земја со нитрат (од која се добива 200 тони калиум нитрат) во периодот помеѓу 1811 и 1814 година.

Пештерите исто така се извор на гвано од лилјаци – материјал кој се ископува како фосфатно ѓубриво во јужните делови на Соединетите Држави и во Мексико. Најголемите вакви депозити ги имаме во варовничките пештери кои се во дометот на летање на мексиканскиот опашест лилјак.

Геолошки истражувања

Научниците ги вреднуваат пештерите како природни подземни лаборатории. Од голема важност е фактот што пештерите и другите процепи во варовничките карпи се директни носители на системите на подземни води. Геолошките инженери и другите кои се занимаваат со стабилноста на земјиното тло се свесни дека регионите во кои има пештерски варовнички карпи се голем предизвик доколку целта е да се градат објекти на тие подрачја. Проучувањата на подповршинските услови се од особена важност во подрачјата во кои има варовник и гипс поради опасностите од налегнување и спуштање на земјиштето.

Внимание!

Истражувањето на новооткриени пештери или пештери во кои претходно немало човечко присуство може да биде многу опасно! Врз основа на искуството изготвени се повеќе правила за запазување на безбедноста кои, ако се почитуваат, можат да спречат несреќи. Ако планирате да истражувате пештери:

  • Секогаш известете некого каде одите и кога очекувате да се вратите; обезбедете дозвола од сопственикот на пештерата пред да ја посетите
  • Почитувајте ги портите, без разлика дали се на отворени или на влезот од пештерата.
  • Никогаш не влегувајте сами во пештерата.
  • Секогаш носете неколку извори на светло; не зависете исклучиво од батериски ламби.
  • Водете сметка дека имате соодветна опрема и дека истата е во функционална состојба.
  • Никогаш не ги надминувајте своите физички и технички капацитети.
  • За да се запази зачувувањето на пештерата, сведете го бројот на посети на минимум.
  • Уште подобро, остварете средба со искусни лица кои имаат познавање на пештерите. Здружувањето со овие групи на искусни лица е најдобрата гаранција за лична сигурност.

Пештерите се природна карактеристика и треба да се заштитуваат, но голем број од пештерите биле вандализирани од несовесни посетители или оштетени поради лошо планирање на комерцијалниот развој. Некои пештери се оставени без спелеотемите за кои се потребни илјадници години за да се формираат, и на многу места тие нема повторно да се создадат. Сите треба да се обидуваме да го спречиме уништувањето на овие природни чуда. Да ги следиме стапките на другите; да гледаме и да не допираме; да изнесуваме само фотографии од пештерата; да не оставаме траги дека сме биле во пештерата.