Паметните телефони во последната деценија станаа неразделив дел од животот на модерниот човек. Тие ги заменија големите компјутери, како и многу аналогни методи на работа, комуникација, дизајн и фотографирање. Паметните телефони се постојан партнер во секојдневието, овозможувајќи ни преку нив да завршиме различни задачи.

Паметниот телефон како хардвер и софтвер нуди многу опции кои може да се користат при посета и престој во природа. Eдна од најчесто користените апликации е секако камерата, а во последните години фотографиите и видео направени со паметните телефони се со неверојатен квалитет и се одличен начин да се зачувуваат добиените информации од престојот во природа. Но, постојат и други апликации кои можат да ви помогнат при авантурите во природа.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 1Мапи

Апликациите за мапи се најпопуларна алатка за ориентирање во просторот не само кога се движиме пеш, туку и за навигација во автомобилот. Иако овие дигитални мапи се уште ја немаат прецизноста и деталите како аналогните мапи, сепак се многу популарни бидејќи се едноставни за користење. GoogleMaps е една од најкористените апликации од овој тип. Оваа апликација има мапи со информации за сообраќајниците, населените места и бизнисите во повеќе од 220 земји во светот. Но нема исто информации за сите земји. Оваа апликација има повеќе можности за престој во урбани средини отколку престој во природа. GoogleMaps има многу малку или нема воопшто информации за планинарски патеки, планинарски домови, чешми, извори за вода или природни реткости, а оние информации кои ги има не се прецизни.  Сепак користењето на оваа апликација во terrain формат може да помогне значајно во одбирање на правилната стаза.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 2

Ориентација во простор

Ориентацијата во просторот, одредувањето на правилната насока за движење како и движењето на непознат терен може да се олесни со користење на компас или слични методи за ориентација. Иако џебните и рачните компаси и бусоли се лесно достапни, сепак потребна е обука и искуство за нивно користење. За разлика нив, мобилните апликации нудат лесен пристап до информациите. Digital Field Compass e една од неколкуте слични апликации кои може да се користат како компас или бусола.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 2

Временска прогноза

Временската состојба е исклучиво важна во процесот на подготовка на некоја тура во природа. Информации за временската прогноза може да се најдат на многу различни дигитални платформи, како на пример што се мобилните апликации за временска прогноза. Постојат многу апликации за проверка на временската прогноза,  но повеќето добиваат првични информации од ист метео центар. The Weather Channel e eдна од популарните апликации кои нудат информации за временската состојба за наредните денови, а опцијата Time machine дури овозможува предвидување на времето за наредните 10-тина дена. Постојат и други прецизни апликации кои нудат временски прогноза во точност од неколку часа, но ова се платени сервиси.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 2

Планирање на денот

Изгревањето и заоѓањето на Сонцето е значајно за планирање на денот наменет за престој во природа. Апликацијата SunriceSunset нуди информации за позицијата на Сонцето и Месечината, 3Д распоред на планетите како и најава за следните астрономски настани.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 2

Набљудување

Многу од модерните мобилни телефони поседуваат камери кои имаат можност за макро фотографија. Оваа можност може да се користи како метод да подобро набљудуваме растенија, инсекти, фосили и минерали, но и како медицинско помагало при отстранување на убоди од инсекти, крлежи или трња.  Апликациите како  Magnifying Glass нудат можност за анализирање на објектите подобро и од поблиску.

Mobilni aplikacii za istrazuvanje na prirodata 2

Набљудување на живиот свет

Набљудувањето на живиот свет понекогаш е главната причина за престој во природа.  За ова постојат два типа на апликации: оние кој нудат информации за растенија, животни или габи во енциклопедиска форма, апликации кои овозможуваат идентификација на видовите преку камера или пак оние кои служат за нотирање и мапирање на појавата на видови како што е INaturalist. Мора да се напомене дека треба многу да се внимава при употребата на овие апликации, бидејќи не секогаш нудат точни информации, па за точно идентификување на видовите секогаш треба да користиме споредбена анализа. Но, овој тип апликации постепено се подобрува, а пример за ова е апликацијата BioNet, која има македонско потекло.  Оваа апликација регионално се користи со цел да се собираат и споделуваат информации за биодиверзитетот и природните заштитени подрачја во Југоисточна Европа. За разлика од другите апликации, овде постои можност за review на внесениот податок со што се зголемува објективноста и вистинитоста на информациите.