Прогласување на Шар Планина за национален парк е приоритет според Стратегијата за заштита на биодиверзитетот уште од 2004 година. Иако иницијативата постои многу одамна – речиси 30 години, стручната јавност и еколозите обвинуваат дека малку се прави да се зачуваат природните вредности на планината. Минатиот месец ги прашавме граѓаните дали Шар Планина треба да се прогласи за национален парк, а дури 98%  се согласуваат со оваа идеја што е слично со ставот на локалното население според истражувањето на Македонското еколошко друштво. 

Dali Sar Planina treba da se proglasi za nacionalen park FB