Biodiversity A-Z, UNEP

Значајни подрачја за птици се места кои се глобално важни за зачувување на видови птици. Станува збор за места кои се неопходни за преживување на популациите на повеќето видови птици на Земјата. ИБА мрежата исто така содржи голем и репрезентативен дел и од останатиот биодиверзитет. ИБА подрачјата се дел од клучните подрачја за биодиверзитет (KBAs).

Znacajni podracja za ptici i za biodiverzitet

Значајни подрачјата за птици и за биодиверзитет се клучни подрачја за конзервација на видовите птици кои се идентификувани во рамките на програмата BirdLife International IBA. Овие места се доволно мали за да можат да бидат зачувани во целост, најчесто се дел од мрежа на заштитени подрачја и имаат засебни карактеристики, колку што е можно повеќе, или засегна орнитолошка важност во споредба со опкружувањето. ИБА подрачјата се дел од клучните подрачја за биодиверзитет кои претставуваат поширок интегриран пристап за конзервација и одржливо користење на природната средина. Идентификувањето на ИБА подрачјата се прави врз основа на меѓународно прифатени и стандардизирани критериуми и претставува тековен процес. Досега се дефинирани повеќе ИБА подрачја за голем број терестријални слатководни и морски региони во светот. Значајните подрачја за птици беа преименувани во 2013 година во „Подрачја значајни за птици и за биодиверзитетот“, за да се потенцира нивната важност и за другите видови.

ИБА подрачјата ги има низ целиот свет и опфаќаат повеќе од 12.000 локалитети во повеќе од 200 држави, територии и автономни региони (податоци од 2014 година). Понатаму, ИБА подрачјата опфаќаат терестријални, морски и слатководни региони. Идентификувањето на ИБА подрачјата е тековен процес во кој се вклучени Birdlife International и неговите партнери (и тоа најчесто се регионални или национални невладини организации со кои соработува Birdlife International). Кога ќе биде завршена, глобалната мрежа се очекува да опфаќа повеќе од 15.000 ИБА подрачја кои заедно сочинуваат 7% од површината на Земјата.

Сетот од глобални критериуми утврден од BirdLife International за идентификување на ИБА подрачјата се заснова на присуството на клучни видови птици кои се ранливи на глобално истребување, или чии популации се незаменливи. Дополнителни, критериумите се засноваат и на постојаните меѓународни правни инструменти, како што е Директивата за птици на Европската комисија а која обврзува на определување на посебни заштитени подрачја во Европската заедница, како и на Конвенцијата од Рамсар согласно која договорните страни мора да определат најмалку едно Рамсар подрачје. Местото би можело да биде определено како ИБА подрачје ако исполнува еден или повеќе од следниве критериуми:  

  • Видови кои се под глобална закана: местото е познато како, или се смета дека е, место на кое редовно живеат значителен број на видови кои се под глобална закана, или други видови кои се значајни за глобална конзервација (т.е. видовите кои се определени како критично загрозени, загрозени или ранливи во Црвената листа на видови кои се под закана на IUCN).
  • Видови во ограничен опсег: местото е познато како, или се смета дека е, место на кое има група од видови птици со ограничен опсег (глобална дистрибуција на помалку од 50.000 квадратни километри) и чија дистрибуција за размножување дефинира едно Подрачје со ендемски птици (т.е. имаме појава на два или повеќе видови кои се со ограничен опсег) или Секундарно подрачје (кое поддржува еден или повеќе видови кои не се преклопуваат меѓу себе и кои се со ограничен опфат).
  • Видови ограничени на биом: местото е познато како, или се смета дека е, место на кое има значителна компонента на групи од видови чија дистрибуција во голема мера, или во целост, е сведена во рамките на еден биом.
  • Конгрегации: местото исто така може да се квалификува врз основа на еден или повеќе од следниве четири под-критериуми:
  1. i) Местото е познато како, или се смета дека е, место на кое редовно има 1% од биогеографската популација на водни видови птици кои живеат во заедница (конгрегација).
  2. ii) Местото е познато како, или се смета дека е, место на кое редовно има 1% од глобалната популација на морски видови птици или на терестријални видови кои живеат во заедница (конгрегација).

iii) Местото е познато како, или се смета дека е, место на кое редовно има 20.000 морски птици или 10.000 парови морски птици од еден или повеќе видови.

  1. iv) Местото е познато како, или се смета дека е, место кое го надминува горниот праг поставен за миграторни видови на места кои се сметаат за „тесни грла“.

Горниот праг во рамките на овие критериуми се дефинира на глобално или регионално ниво, по потреба. Освен тоа, во определени региони се применуваат и дополнителни регионални и под-регионални критериуми, и тоа пред сè во Европа и Европската унија, и на Блискиот Исток. Критериумите за ИБА подрачја се користеа како основа за критериумите за клучните подрачја за биодиверзитет.

ИБА подрачјата се идентификуваат и се поддржувани од меѓународното партнерство на BirdlLife како и од други национални и регионални засегнати страни кои варираат од локални заедници и владини агенции до меѓународни конзервациски организации. Партнерите на BirdlLife прават мониторинг и работат на заштитата на популациите на птици кои се наоѓаат во ИБА подрачјата, додека Секретаријатот на BirdlLife постапува со меѓународните аспекти на програмата. Во голем број на држави ИБА подрачјата се дел од постојните мрежи на заштитени подрачја и така и се управува со нив. Притоа, степенот на формално признавање на други BirdlLife подрачја значително варира, а во многу случаи истото и целосно отсуствува. Неколку земји имаат и Национална стратегија за конзервација на ИБА подрачјата (НИБАЦС) за се насочува интегрирањето на конзервацијата на ИБА подрачјата со другите национални процеси на конзервација. Неколку влади и донаторски агенции ја препознаваат важноста на ИБА подрачјата па така, во некои случаи, овие места привлекуваат  значителни финансиски стимуланси или директни финансирања за развој и управување. ИБА подрачја се главниот фокус и основа за конзервациската работа на BirdlLife партнерството. Исто така, тие се сеопфатно документирани во повеќе публикации како и на интернет страницата Data Zone во рамките на BirdlLife International. Можат да се најдат и во алатката за интегрирана проценка на биодиверзитетот (IBAT).

Правни прашања – На глобално ниво, 40% од ИБА подрачјата се простираат на површина која има определен степен на заштита со правни инструменти, додека 28% од ИБА подрачјата се целосно покриено со заштитени подрачја. Законското признавање и заштита на ИБА подрачјата е различно во различни земји. Во Еквадор, на пример, ИБА подрачјата се признаени и заштитени со закон. Уште почесто, мрежата на ИБА мрежата е појдовна основа за развој на системи за национални заштитени подрачја и за пополнување на празнините. Во Европската унија постои значително обичајно право кое ги определува ИБА подрачјата како основа за определување на посебни заштитени подрачја согласно Директивата за птици. ИБА подрачјата исто така се основа за имплементација и на други меѓународни договори. Тие би можеле да бидат и почетна точка за имплементација на Програмата за работа на заштитени подрачја согласно Конвенцијата за биолошки диверзитет (CBD) а која ги повикува страните да воспостават „сеопфатни, ефективно управувани и еколошки репрезентативни национални и регионални системи на заштитени подрачја“. За водните птици, критериумите за категоријата конгрегаторни видови на ИБА подрачјето е усогласена со критериумот за определување на мочуришта од меѓународна важност согласно Конвенцијата од Рамсар. BirdLife International има објавено листи на ИБА подрачја „во сенка“ за кои таа смета дека би можеле да се земат предвид како потенцијални Рамсар места а како поддршка на напорите на страните да обезбедат конзервација и мудро користење на нивните мочуришта.

ИБА подрачјата обично не се содржани по име во стандардите и во шемите за сертификација, но истите обично вклучуваат барања кои се однесуваат на поширокиот концепт на клучни подрачја за биодиверзитет а во кои се опфатени и ИБА подрачјата. За примери од овие стандарди и шеми за сертификација кои се однесуваат на клучните подрачја за биодиверзитет, види KBA фактографскиот лист.

Важност за биодиверзитетот – ИБА подрачјата се добро утврдени и препознаени како места со многу голема вредност од аспект на биодиверзитет и како такви претставуваат приоритет за конзервација. ИБА подрачјата се важно подмножество на клучните подрачја за биодиверзитет и, иако тие се идентификување со користење на информации за птиците, тие исто така често се и од исклучителна важност за останатиот биодиверзитет. Во земјите во кои другите значајни подрачја се идентификувани според други видови, кои не се птици, ИБА подрачјата се преклопуваат во 80% со овие подрачја со голем биодиверзитет. На пример, глобалната мрежа на ИБА подрачја се преклопува со дистрибуцијата на 76% видови водоземци и 87% видови цицачи. Критериумите за ИБА подрачја можат да се применат со користење на глобални или под-глобални максимални граници, но во секој случај, местата определени како ИБА подрачја имаат меѓународна значајност за конзервација. Со оглед на тоа дека ИБА подрачјата се идентификуваат на ниво на конкретно место врз основа на постојните заштитени подрачја, концесии и единици за управување, тие се мошне релевантни за бизнисот во смисла на ублажување и избегнување на ризиците од загуба на биодиверзитет и можностите за идентификување кои се поврзани со конзервацијата на биодиверзитетот.

Општествено-културолошки вредности – ИБА подрачјата се фокусираат на птиците, како една од најпристапните и најпопуларни групи на животни. Тие го потенцираат меѓународно важниот биодиверзитет и најчесто за првпат ги поставуваат местата на конзервациската агенда. Од тие причини, ИБА подрачјата претставуваат важен механизам за ангажирање на локалните заедници во конзервациските активности. Партнерите на BirdLife во повеќе од 100 земји од целиот свет работат со разни локални групи за конзервација во насока на градење на локален ангажман и свест за конзервација, како и на катализирање на активности за одржливо управување со ресурси. Во моментов има околу 2.500 ИБА подрачја низ целиот свет во кои локални групи за конзервација работат со партнерите на BirdLife. Овие локални групи имаат повеќе улоги, како што е нивната вклученост во управувањето и мониторингот на ИБА подрачјата и, кога е потребно, кампањи против несоодветни и штетни развојни проекти.