Автор: Џојс Чепкемои (Joyce Chepkemoi)
Преземено од: https://www.worldatlas.com/articles/what-is-a-biodiversity-hotspot.html

Жешка точка на биодиверзитет е биогеографски регион со богат биодиверзитет во кој е вклучена ендемска флора и фауна, на која ѝ се заканува уништување.

Жешка точка на биодиверзитет е биогеографски регион со богат биодиверзитет во кој е вклучена ендемска флора и фауна, на која ѝ се заканува уништување. Овие жешки точки се дом на уникатна флора и фауна, од кои повеќето се ендемски во конкретното опкружување. Овие региони се идентификувани како некои од најважни екосистеми во светот.

Sto pretstavuva zeska tocka na biodiverzitet

Потекло на концептот

Концептот на жешка биодиверзитетна точка за прв пат се појавува во еден текст напишан од научникот Норман Мајерс во 1988 година. Мајерс, заедно со други истражувачи, се надоврза на истиот и го ревидираше, со што беше создаден нов текст насловен како „Жешки точки: биолошки најбогати и најзагрозени копнени екорегиони“ во 1990 година. За да може еден регион да биде препознаен како жешка биодиверзитетна точка, тој мора да исполнува два критериуми. Прво, 1.500 или повеќе васкуларни растителни видови кои можат да се најдат на неговата територијата мора да бидат ендемични. Васкуларните растенија се клучни за одржливоста на екосистемот, бидејќи тие овозможуваат циркулација на вода, фотосинтетички производ и минерали. Второ, територијата мора да изгубила 70% или повеќе проценти од првичното живеалиште. Оваа состојба значи и загуба на некои живи видови во регионот. Само 36 територии низ целиот свет ги исполнуваат овие барања и тие се дом на скоро 60% од светската флора и фауна.

Примери за жешки биодиверзитетни точки

Една од највпечатливите жешки биодиверзитетни точки во Африка е гвинејската шума во Западна Африка, која се простира долж целиот брег на Западна Африка и низ неколку држави, меѓу кои се Гвинеја, Сиреа Леоне, Габон, Камерун, Либерија, Бенин, Екваторијална Гвинеја и Гана. Во овој голем екосистем се идентификувани речиси десет еко региони. Оваа жешка точка е под постојана закана од земјоделството, од активностите на човекот, урбаниот развој и политичката нестабилност. Атлантските шуми во Јужна Америка се уште еден пример за биодиверзитетна точка. Овие шуми се простираат долж брегот на Атлантикот во Бразил, Парагвај и Аргентина. Во нив има повеќе од 11.000 видови на флора и фауна и кои се под закана, додека за истребени се сметаат околу 250 видови цицачи, водоземци и птици поради активностите на човекот. Медитеранскиот басен е уште една жешка точка која ги опфаќа континентите Европа, Азија и Африка. Тој е домаќин на разни живеалишта како што се шуми, пасишта, тревни подрачја, шумски територии, савани и сл. На ова територија идентификувани се околу 22.500 видови на васкуларни растенија кои се ендемски.

Закани и обиди за зачувување

Жешките биодиверзитетни точки се соочуваат со бројни закани од активности на човекот. Во многу делови на светот, населението е во пораст, поради што луѓето ги расчистуваат природните живеалишта за развој на земјоделството и подигнување населби. Комерцијалниот развој, исто така, доведе до загуба на живеалиштата и до нивна фрагментација. Урбаната инфраструктура, вклучувајќи ги тука зградите, патиштата, железниците и бранитете, го променија природниот пејзаж во некои делови на светот. Урбаниот туризам станува сè попопуларен и врши притисок врз кревките екосистеми. Живеалиштата во слатките води се соочуваат со најголеми закани од загадување и седиментација. Прекумерниот риболов драматично ја намали популацијата на одредени видови риби во разни делови на светот. Инвазивните видови флора и фауна, од кои некои биле воведени од човекот, имале неповолни влијанија врз екосистемите, бидејќи тие се натпреваруваат за ресурси заедно со домородните видови. Уништувањето на шумите, пожарите, прекумерното консумирање на живи видови и ловот се другите закани за жешките биодиверзитетни точки. Засега заштитени се само мали региони од вкупната површина која е опфатена со жешки точки во светот. Некои меѓународни организации, како што се Conservation international, World Wide Fund for Nature, Alliance for Zero Extinction и Critical Ecosystem Partnership Fund имаат спроведено напори за зачувување на жешките биодиверзитетни точки.