Есен е едно од четирите годинишни времиња, кое трае помеѓу летото и зимата. Се одликува со постепено намалување на просечните дневни и ноќни темпетури на атмосферата. 

Во Северната Хемисфера, есента е дефинирана како период кој започнува од есенската рамнодневица помеѓу 22-ри и 23-ти септември и зимската краткодневница помеѓу 21-ви и 22-ри декември. За разлика пак од Јужната Хемисфера, каде есента започнува помеѓу 20-ти и 21-ви март и трае до 21-ви и 22-ри јуни.

Есенските температурни транзиции помеѓу летните жештини и зимските студови се забележуваат само во средишните делови на двете хемисфери, за разлика од земјите на екваторот, каде температурата е релативно стабилна низ целата година. Во поларните региони, есента трае многу кратко.

Кај нас во есен деновите стануваат пократки и постудени, ноќите подолги, а врнежите се зачестуваат.

Koga zapocnuva i sto se slucuva so prirodata na esen

Како се одредува почетокот на есента?

Метеорологијата го користи Грегоријанскиот календар и ја дели годината на четири еднакви делови, со цел да се олесни предвидувањето на времето. Па така според ова, метеоролошки есента се случува во сепмтеври, октомври и ноември, што значи дека есента метеоролошки започува на 1-ви септември и трае до 30-ти ноември.

За разлика од метеорологијата, астрономски, годинишните времиња се одредуваат според времетраењата на денот и ноќта. Па така есента започнува на датумот кога времетраењето на денот и ноќта се еднакви.

Постои и трет начин за одредување на есента, тоа е фенолошкиот или еколошкиот старт на есента. Тоа се одредува според менувањето на природата, водено според циклусот на животните и растенијата.

Зошто жолтеат лисјата на есен?

Паѓањето и пожолтувањето на листовите на дрвјата е еден од начините на кои се одредува почетокот на есента. Оваа карактеристика ја прави и првичната поделба на дрвјата на иглолисни и листопадни.

Листовите на дрвјата се обоени поради присуството на растителени пигменти. Листовите ја добиваат зелената боја поради присуството на пигментот хлофорофил, кој е задолжен за процесот на фотосинтеза, односно начинот на кој растенијата произведуват храна.

На есен паѓаат температурите, а и деновите стануваат пократки со што и исложеноста на растенијата на сонце се намалува. Тогаш растенијата престануваат да произведуваат хлорофил. Молекулите на хлорофилот кој се наоѓа во листовите се распаѓа, со што тие ја губат зелената боја. Како се распаѓа хлорофилот така другите растителни пигменти кои се наоѓаат во листовите почнуваат да се појавуваат. Овие пигменти се жолти и се нарекуваат каратеноиди. Овие пигменти имаат улога преку пролета и летотото да ги штитат листовите од силните сончеви зраци и од паразити.