Есента што измина беше регистрирана како една од најтоплите во историјата, а зимата во Македонија пристигна со температури повисоки за овој период на годината.

Зимата е едно од четирите годишни времиња кое трае помеѓу есента и пролета. Таа се одликува со релативно ниски температури на воздухот, појава на мраз и врнежи од снег.

Во северната хемисфера, се смета дека зимата започнува во периодот од 20,21 и 22 декември и трае до 19,20 и 21 март.

Како се одредува почетокот на зимата?

Точниот почетокот на зимата е различен и се одредува според тоа дали се користи метеоролошкиот или астрономскиот почеток на зимата.
Метеоролошки, годината се дели на четири еднакви делови, секој дел е составен од три месеци (квартали), одредени според Грегоријанскиот календар. Па, според ова зимата започнува на 1 декември и трае до 1 март. Овој систем упатува на тоа дека во природата не може да се одредат точни датуми на траање на сезоните и дава приказ дека воопшто поделбата на годината во сезони е антрополошко-културолошки апсект на кои човекот ја организира средината во која живее.

Астрономски пак, зимата како и другите годишни времиња се одредува според специфични позиции на планетата во однос на сонцето, што влије врз температурата и должината на денот. Според ова, зимата започнува со зимскaта краткодневница и трае се до есенската рамнодневница. Од астрономскиот почеток на зимата па со пролета, должината на денот се зголемува. Зимската краткодневница е периодот кога еден од половите на Земјата е најдалеку од Сонцето.
Во 2019, зимската краткодневница беше на 22 декември за прв пат по четири години.

Што е снег и како се формираат снегулките?

Снег претставува форма на атмосферски врнеж кој се создава во облаците и се појавува на површината на Земјата во форма на бела, кристална покривка. Тој е составен од мали замрзнати кристали на атмосферска вода и неговото формирање се одвива во неколку фази. Првата фаза е формирање на снежни кристали во атмосферата, потоа под дејство на уште вода и студ кристалите растат по неколку милиметри. Во следната фаза кристалите паѓаат и се таложат на површината. Кога снежните кристали ќе паднат, тие формираат слој кој со текот на времето во фазата на метармофоза под влијание на различни фактори станува се покомпактен. Последна фаза на снегот е топење.

Снежните кристали кои го формираат снегот се нарекуваат снегулки. Тие се создаваат кога екстремно ладна капка вода ќе се смрзне во форма на воден полен во небото. На овој начин се формира примарниот кристал. Како што овој мал кристал паѓа кон површината, тој ја зголемува димензијата и ја добива познатата шесткрака форма на снегулката.  Речиси сите снегулки имаат симетрична структура зошто ја пресликуваат внатрешната форма и позиција на водените молекули. Снегулките се сепак вид на кристал, а една од карактеристиките на сите кристали е тоа што се создаваат во форми со прави агли. Условите под кои една снегулка се формира може да се многу различни и затоа никогаш не постојат две снегулки со идентична форма и големина.

Site informacii za zimata

Што се случува со животните и растенијата во зима?

Зимата и ниските температури што доааѓат со неа се голем предизвик за вегетацијата. Деновите се кратки и температурите ниски, па листовите на растенијата немаат можност за фотосинтеза. Доколку листовите би останале на дрвјата и длабоко во есента тие со првите утрински мрзнења ќе се оштетат и ќе паднат. Поради ова, поголемиот дел од растенијата имаа слаба или никаква фотосинтеза во зимскиот период. Поради ниските температури го горните слоеви почвата како и почвената вода се замрзнати па затоа дрвјата зависат од своите подлабоки корења за обезбедување на хранливи материи. Но, растенијата не се сосема неактивни за време на зимата. Тие функционираат нормално; дрвенестите растенија лачат смоли, стомите се отвораат и затвораат и метаболизмот е активен.  Постојат видови на растенија на кој ниските температури им се потребни за да го започнат процесот на `ртење, а пак на други видови снегот им служи како изолатор од ниските температури.

Животните пак, имаат три начини на кои ја преживуваат зимата: миграција, хибернација и адаптација. Дел од птиците (птиците преселници) со самиот крај на летото тие мигрираат кон потоплите делови на планетата и така ја поминуваат зимата. Сличен животен циклус имаат и некои видови на инсекти на пример. Кај нас нема поголемо животно, цицач што мигрира на големи далечени споредено со другите континенти.
Поголемиот дел од животните хибернираат преку зима односно влегуваат во фазата на ,,зимски сон”. Ова не значи дека тие спијат, туку имаат многу успорен метаболизам и малку активности. Инсектите хибернираат под кората на дрвјата, змиите и жабите во влажни дупки во почвата, а мечките во големи природни пукнатини. Оние животни кои имаат природна адаптација, како дебело и густо крзно ја поминуваат зимата активно, ловејќи храна.

Каква зима не очекува?

Според неколкуте метеролошки модели, се предвидува трендот на повисоки просечни температури на воздухот да продолжат од есента во зимата. Генерално се предвидува блага и релативно топла зима. Во Европа не се исклучува можноста за привремени снежни бури, но се најавува  и почеста појава на магли.