Автор: Хана Ричи

Преземено од: https://ourworldindata.org/food-choice-vs-eating-local?fbclid=IwAR0C-tEjMiTIqyUsJHX6Kh7v7fMYv4vxDJYjfXOif4ZMhv3EUdAqwhfp79g

Се забележува дека свеста кај луѓето во светот во врска со климатите промени сè повеќе се зголемува: осум од вкупно десет луѓе сметаат дека климатските промени се главна закана за нивната држава.

Оправдано се зголемува свеста дека нашиот режим на исхрана и изборот на храна имаат значително влијание на нашиот јаглероден отпечаток. Се поставува прашањето: што можеме навистина да направиме за да го намалиме јаглеродниот отпечаток од нашиот појадок, ручек и вечера?

Sakas da go namalis jaglerodniot otpecatok od tvojata hrana Obrni vnimanie na ona sto go jades a ne na toa dali hranata e od domasno poteklo ili ne

„Јади храна од домашно потекло“ е препораката која најчесто ја слушаме, дури и од кредибилни извори, како што се Обединетите нации. Иако навидум се чини дека ова е логична препорака, особено затоа што транспортот на храна доведува до емисии, таа сепак е еден од најпогрешните совети.

Користењето храна од домашно потекло ќе има значително влијание само ако транспортот е причината за крајниот јаглероден отпечаток на храната. Сепак, ова не е случај кај поголемиот дел од храната.

Емисиите на стакленички гасови од транспортот на храната имаат многу мал удел во емисиите од храната, и затоа она што го јадеме е далеку поважно отколку фактот од каде допатувала храната.

Од каде потекнуваат емисиите од храната која ја јадеме?

Графиконот прикажува емисии на стакленички гасови од 29 различни прехранбени производи – од говедско (најгоре) до апетисани (најдолу).

За секој производ можеме да видиме во кој дел од синџирот на снабдување се случуваат неговите емисии на гасови. Ова значи од промена на начинот на користење на земјиштето (лево) па до транспортот и амбалажата (десно).

Овие податоци потекнуваат од најголемата мета анализа на глобалниот систем за храна направена досега, објавена во списанието Science од авторите Џозеф Пур и Томас Немецек (2018). Во оваа студија, авторите разгледуваат податоци од повеќе од 38.000 комерцијални фарми во 119 држави.

Споредбата опфаќа вкупни емисии на стакленички гасови по килограм прехранбен производ. Најважен стакленички гас е јаглеродниот диоксид, но тој не е единствениот – земјоделството е голем извор на стакленичките гасови метан и азотен оксид. Затоа, за да ги земат предвид сите емисии на стакленички гасови, истражувачите ги искажуваат во килограми на „еквиваленти на јаглерод диоксид“. Оваа дефиниција ги опфаќа не само јаглеродниот диоксид туку сите стакленички гасови.

Најважна констатација од оваа студија е следнава: постојат огромни разлики кај емисиите на стакленички гасови на разни прехранбени производи: производството на еден килограм говедско месо емитува 60 килограми стакленички гасови (поточно, еквиваленти на јаглерод диоксид), додека грашокот емитува само 1 килограм за еден килограм.

Генерално, храната од животинско потекло има поголем отпечаток во споредба со храната од животинско потекло. Јагнешкото и сирењето заедно емитуваат повеќе од 20 килограми еквиваленти на јаглерод диоксид по килограм. Говедското и свинското имаат помали отпечатоци кои сепак се поголеми од храната со растително потекло, 6 т.е. 7 килограми на еквиваленти на јаглерод диоксид.

Кај повеќето прехранбени производи (и особено најголемите емитувачи), повеќето емисии на стакленички гасови се резултат од промената на употребата на земјиштето и од процесите на фармата. Под процеси на фармата (емисии од овие процеси) се подразбираат процеси како што се примена на ѓубрива – како органски (управување со ѓубриво) така и вештачки ѓубриво; и ферментација (производство на метан во стомакот на добитокот). Во комбинација, употребата на земјиштето и процесите на фарма заеднички учествуваат со повеќе од 80% од отпечатокот на повеќето прехранбени производи.

Транспортот малку придонесува кон емисиите. За повеќето прехранбени производи тој учествува со помалку од 10% и е многу помал за најголемите емитувачи на стакленички гасови. За говедското месо тој изнесува 0,5%.

Не само транспортот, туку и сите процеси во синџирот на добавување, откако храната ќе излезе од фармата (обработка, транспорт, малопродажба и пакување) имаат мошне мал удел во емисиите.

Податоците покажуваат дека ваква е состојбата кога гледаме поединечни прехранбени производи, но студиите исто така покажуваат дека ова е така и за режимите за исхрана; тука се прикажани резултатите од една студија која го разгледуваше отпечатокот на ниво на ЕУ. Транспортот на храна учествуваше со само 6% во вкупните емисии, додека млечните производи, млекото и јајцата учествуваа со 83%.

Јадењето исклучиво домашно произведена храна незначително ги намалува Вашите емисии

Јадењето домашно говедско или јагнешко месо има најголем јаглероден отпечаток во споредба со повеќето други прехранбени производи. Фактот дали се произведени во земјата или пристигнуваат од други места во светот има минимално значење за вкупните емисии.

Транспортот обично учествува со помалку од 1% од вкупните емисии на стакленички гасови на говедското месо: дали ќе јадеме домашно произведено месо има минимално влијание на неговиот отпечаток. Ќе си помислите дека оваа бројка во голема мера зависи од тоа во кој дел од светот живеете и колку далеку треба да патува говедското месо, но подолу е даден еден пример во кој покажуваме зошто тоа речиси и да не прави разлика.

Дали ќе купиме од најблискиот земјоделец или од некој кој е многу подалеку, локацијата не прави разлика кога станува збор за јаглеродниот отпечаток на нашата храна, туку фактот дека се работи за говедско месо.

Пример: Како патот кој мора да го помине говедското влијае на неговиот јаглероден отпечаток?

Ќе помислите дека оваа бројка значително зависи од тоа во кој дел од светот живеете и колкав пат требало да помине говедското месо. Ако живеете некаде многу далеку, ќе претпоставите дека ова е сигурно многу, многу повеќе отколку ако говедското било произведено од домашна фарма. Но клучната поента тука е дека разликата во бројките кои се однесуваат на транспортот е многу мала во споредба со вкупниот отпечаток на говедското месо.

Да го земеме за пример обичното говедско месо – просечниот отпечаток е околу 60 килограми на јаглерод диоксид еквиваленти по килограм говедско. Да го споредиме јаглеродниот отпечаток на транспортот ако купите од домашен фармер (тоа може да биде и комшијата) со некој од, на пример, Велика Британија да купува говедско од Централна Америка на оддалеченост од околу 9.000 километри).

Превозот на храна со брод емитува 23 грама јаглерод диоксид еквиваленти по тон производ по километар. Така што, транспортот од 9.000 километри од Централна Америка до Велика Британија емитува 0,207 јаглерод диоксид еквиваленти (9.000 km * 23g по тон километар / 1000 / 1000 = 0,207 kg јаглерод диоксид еквиваленти по kg). Ова е еднакво на 0,35% од вкупниот отпечаток од 60 килограми јаглерод диоксид еквиваленти по килограм говедско. 

Ако купувате од домашен фармер – да претпоставиме дека одите пешки дотаму и дека имате нула емисии – отпечатокот на тоа говедско месо ќе биде 59,8 килограми јаглерод диоксид еквиваленти по килограм (ова го пресметавме како 60 kg – 0,2 kg]. Речиси и да нема разлика.

Особено кај прехранбените производи со голем јаглероден отпечаток, транспортот како удел во вкупните емисии на храната во голема мера не зависи од растојанието кое било поминато.

Во една студија објавена во Environmental Science & Technology, Кристофер Вебе и Скот Метјус (2008) го истражија релативното влијание врз климата на патот кој го поминала храната и изборот на прехранбени производи кај домаќинствата во Соединетите Држави. Нивната анализа покажа дека замената на помалку од една дневно калории (за цела недела) од говедски и млечни производи со пилешко, риба, јајца или растителни алтернативи ги намалува емисиите на стакленички гасови повеќе отколку купувањето на целата храна од локални извори.

Со анализа на податоците за трошоците на потрошувачите, истражувачите проценија дека просечни емисии од храна од домаќинство во САД изнесуваа околу 8 тони јаглерод диоксид еквиваленти годишно. Транспортот на храната во учествуваше со само 5% (0,4 t јаглерод диоксид еквиваленти). Ова значи дека, ако претпоставиме домаќинствата целата своја храна ја набавуваат локално, максималното намалување на нивниот јаглероден отпечаток би бил 5%. Ова е екстремен пример затоа што, во стварност, ќе има мали емисии од транспортот на храна од производителите до местото каде живеете.

Тие проценија дека, ако просечното земјоделство ги замени своите калории од црвено месо и млечни производи со пилешко, риба или јајца само еден ден во неделата, ќе оствари заштеди од 0,3 тони на јаглерод диоксид еквиваленти. Ако ги заменат со растителни алтернативи тие би заштедиле 0,46 тони јаглерод диоксид еквиваленти. Со други зборови, преминот на црвено месо и без млечни производи еден ден во неделата (што значи дека не го исклучуваме месото во целост) би имало ист ефект како да имаме режим на исхрана кој подразбира дека храната поминала нула пат.

Исто така има бројни случаи каде јадењето домашно (локално) произведена храна, всушност, би ги зголемила емисиите. Во повеќето земји, голем број од храната може да се одгледува и да се користи само во одредени периоди до годината, но потрошувачите сакаат таа да им биде достапна во текот на целата година, па така ова ни остава три можности: да се увезува храна од држави каде е сезона за таа храна; да се користат енергетски интензивни методи на производство (како што се стакленички гасови) за да се произведуваат во текот на целата година; или да се користат замрзнувачи или други методи на зачувување на храната повеќе месеци. Има многу студии кои покажуваат дека увозот на храната, всушност, резултира со помал отпечаток.

Хоспидо и другите (2009) проценуваат дека увозот на марула од Шпанија во Велика Британија во зимските месеци доведува од три до осум пати помали емисии отколку ако истата би се произведувала домашно. Истото важи и за другата храна: доматите кои се произведуваат во оранжерии во Шведска користат 10 пати повеќе енергија отколку ако би се увезувале од Јужна Европа кога таму е сезона.

Избегнувајте ја храната која се превезува со авион

Влијанието на транспортот е мало за повеќето производи, но има еден исклучок: онаа која се превезува со авион.

Многумина мислат дека транспортот со авион многу почесто се користи отколку што е тоа случај. Многу малку од храната се превезува со авион – учествува само со 0,22% од километрите поминати од храната, но за малкуте производи кои се превезуваат со авион, емисиите можат да бидат многу висок: 50 пати повеќе јаглерод диоксид еквиваленти по тон километар во споредба со бродски превоз.

Повеќето од храната за која луѓето мислат дека се пренесува со авион, всушност се пренесува бродски – главни примери се авокадото и бадемите. Транспортот на еден килограм авокадо од Мексико до Соединетите Држави ќе произведе 0,21 килограм јаглерод диоксид еквиваленти на емисии од транспорт. Ова е само околу 8% од вкупниот јаглероден отпечаток на авокадото. Дури и кога се превезува на поголеми растојанија, емисиите на авокадото се значително помали во споредба со домашно (локално) произведени продукти од животинско потекло.

Која храна се превезува авионски? Како да знаеме кои производи да ги избегнуваме?

Некои прехранбени производи се расипуваат многу брзо, што значи дека треба да се изедат многу брзо откако ќе се наберат. Затоа, превозот со брод е многу бавен и единствена опција е авионскиот превоз.

Во оваа категорија спаѓаат некои овошја и зеленчуци. Аспарагусот, зелениот грав, бобинките – се некои од производите кои најчесто се превезуваат авионски. 

На потрошувачите им е тешко да идентификуваат која храна патувала со воздушен пат затоа што тоа ретко го пишува на ознаката, па затоа и не знаеме што треба да избегнуваме. Општо правило е да избегнуваме производи кои имаат многу краток рок на траење и кои патувале долги растојанија (многу производи имаат земја на потекло на етикатата, па тоа може да помогне). Ова е особено случај за храна која мора да се превезе како „свежа“ и за која брзината на превозот е од суштинска важност.

Во таа смисла, ако сакаме да го намалиме јаглеродниот отпечаток од исхраната, добро е да избегнуваме храна која се превезува авионски колку што можеме. Настрана од тоа, изборот што ќе јадеме, наместо фактот дали храната е од домашно производство или не, може да направи голема разлика. Јадењето помалку месо и млечни производи, или преминот од црвено месо кон пилешко, свинско или растителни производи уште повеќе ќе го намали јаглеродниот отпечаток.