Оваа пролет, светот ја дочекува со рекордни високи просечни температури на воздухот. Топлото време е само продолжување на нетипичната топла и сува зима во поголемиот дел од северната хемисфера. Освен високите температура, човечката популација се соочува со вирусна светска пандемија и различни природни катастрофи, што се исто така еден тажен продолжеток по силните јануарски пожари во САД и Австралија.

Prolet 2020 Kakva prolet ne ocekuva

Пролетта оваа година подрани

Пролетта не порани само со надпросечните температури на атмосферата, туку таа подрани и календарски. Оваа година пролетта, астрономски започна во четврток, 19 март 2020, што е различно од календарската пролет што по некое непишано правило почнува на 21 март секоја година. Во 2020 година, пролетната рамнодневица се случи на 19 март, па така ова се смета за почеток на астрономската пролет. Ова се случува прв пат после повеќе од еден век. Ова беше најраната пролет на северната и најраната есен на јужната хемисфера. Речиси еден век, пролетта астрономски започнувала на 21 март, а последен пат ваква рана пролет се случила во 1896 г. Секако ова нема некое особено значење врз тоа како оваа пролет ќе изгледа, ниту некако би влијаело на средината. Oваа пролет ќе трае 90 дена и ќе заврши во сабота, 20 јуни 2020 г.

Какво време не очекува оваа пролет?

Метеоролошките системи предвидуваат оваа пролет, да биде слична како и предходната и да продолжи трендот на топли и суви периоди, проследени со средни и сериозни временски нестабилности. Во поголемиот дел од Европа се очекува топла и сува пролет. Во последните денови од пролетта се очекува да имаме рекордни температури на атмосферата со што ја отвораат можноста оваа пролет да биде една од потоплите во модерната историја. Ова секако ќе влијае на појава на големи суши особено во северните, јужните и централните делови на Европа. Се очекува во средината на пролетта низ Европа да се појават и температури над 30 C. Топлото и суво време секако се основа за појава и на силни невремиња проследени со силни ветрови, па нестабилната метеоролшка состојба на некои делови од Европа ќе биде честа појава.

Пролетта на Балканскиот Полустров и Македонија започна влажно, со врнежи од дожд и снег. Се очекува ова да продолжи во првата половина на пролета. Не се исклучува можноста и за појава на локални и регионални поплави. Сепак, втората половина на пролета се очекува да биде топла и сува.

Поленот станува се поголем проблем

Појавата на полен како резултат на цветањето на растенијата е составен дел на секоја пролет. Полен е ситeн и најчесто фин прав, составен од машки гаметофити (поленови зрна) на голосемениците и скриеносемениците. На овој начин дел од растенијата се размножуваат. Цветањето на растенија, проследено со пролетните ветрови го разнесуваат поленот низ атмосферата. Поленот, сепак претставува алерген за луѓето, но и за многу други животни. Кога поленовите зрна ќе дојдат во контакт со слузокожата, тие ја иритираат со што се создава услови за анифилакса, односно алергија кон поленовите зрна. Голем процент од човечката популација денес има алергија од полен. Мора да се потенцира дека не секој полен исто влијае кај луѓето и дека алергиите се диференцирани по растителниот вид од каде потекнува поленот.
Климатските промени, зголемувањето на температурата како и продолжување и издолжување на топлите периоди, предизвикуваат сезоната на полен да треа подолго, а растенијата, поточно тревните видови да создаваат повеќе полен. Зголеменото присуство на CO2 во атмосферата, пак дополнително ги стимулира растенијата да создаваат полен. Зголеменото присуство на полен во воздухот, не само што ќе води до посилни, поагресивни алергиии, туку поради се поголемата изложеност се јавува можност и за алергени реакции и иритации и кај оние лица што досега немале алергии кон поленот.