Најновиот извештај Living Planet „Жива планета“ од Светскиот фонд за природата (WWF) содржи многу песимистички факти: 60% пад на популацијата на диви животни од 1970 година досега, уривање на екосистемите и извесна веројатност дека човечкиот род ќе биде еден од следните видови што ќе изумрат. Во извештајот постојано се нагласува дека човечкиот консумеризам односно потрошувачка е виновна за ова масовно истребување, а новинарите брзо ја засилија пораката. Во насловот на "Гардијан" се вели: „Човештвото збриша 60% од животинското население“, додека БиБиСи објави го објави следниов наслов „Масовна загуба на диви животни и флора, предизвикана од човечката потрошувачка“. Не е изненадувачки фактот што: во извештајот од 148 страници зборот „човештво“ се појавува 14 пати, а „потрошувачка“ дури 54 пати.

Меѓутоа, има еден збор што ниту еднаш не е споменат: капитализам. Веројатно ќе речете: кога 83% од светските слатководни екосистеми се распаѓаат (уште една застрашувачка статистика од извештајот), ова не е време да се расправаме околу семантиката. А сепак, како што напишала екологистката Робин Вал Килмерер, „да ги најдеш зборовите е еден чекор кон тоа да научиш како да гледаш“.

Иако извештајот на WWF е близу до наоѓање на точните зборови со идентификување на културата, економијата и неодржливите модели на производство како клучни проблеми, во него сепак не се именува капитализмот како клучна (и често причинска) поврзаност меѓу овие работи. Затоа нè спречува да ја видиме вистинската природа на проблемот. Ако не го именуваме, не можеме да го решиме: тоа е како да нишаниш кон невидлива цел.

Зошто капитализам?

Во извештајот на WWF со право се нагласува „неверојатниот пораст на човечка потрошувачка“, а не зголемувањето на населението, како главна причина за масовно истребување, и детално ја илустрира врската помеѓу нивоата на потрошувачка и загубата на биодиверзитетот. Но, во него не се наведува дека капитализмот е она што ја присилува таквата непромислена потрошувачка. Капитализмот, особено во својата неолиберална форма, е идеологија која се заснова на принципот на бесконечен економски раст поттикнат од потрошувачка, идеја која е едноставно невозможна.

Kapitalizmot a ne covestvoto e ubiecot na divite zivotni i rastenija 1Нема ризик од изумирање на видовите кои се користат за трговска размена. 

Индустриското земјоделство, активност што извештајот ја идентификува како најголем единствен причинител за загубата на видовите животни и растенија, во голема мера е обликувано од капитализмот, не само затоа што само мал број „видови кои се користат за трговска размена“ се смета дека имаат вредност и затоа што, во потрагата по профит и раст, „надворешните последици“ како што се загадувањето и загубата на биодиверзитетот се игнорираат. Наместо да се посочува внимание на ирационалноста на капитализмот поради начините на кои прави најголемиот дел од живите врсти да бидат безвредни, извештајот на WWF всушност ја проширува капиталисстичката логика со користење на термини како „природни богатства“ и „екосистемски услуги“ кога се зборува за живиот свет .

Со прикривање на капитализмот со термин кој претставува само дел од неговите симптоми – „потрошувачка“ - исто така постои ризик дека вината и одговорноста за губење на видовите непропорционално се префрлаат на индивидуалните избори на начин на живот, додека поголемите и помоќни системи и институции кои ги наведуваат поединците на зголемена потрошувачка, загрижувачки, минуваат неказнето.

Кој, поточно, го сочинува „човештвото“?

Извештајот на WWF го наведува „човештвото“ како нејзина единица за анализа, и медиумите со задоволство го прифатиле овој начин на тотализација. Гардијан, на пример, објави дека „глобалното население ја уништува мрежата на животот“. Ова наведува на сосема погрешен заклучок. Самото известување на WWF покажува дека конзумирањето не го прави целото човештво, далеку од тоа, но сепак не се открива фактот дека само мал дел од човечката популација предизвикува најголем дел од штетата.

Kapitalizmot a ne covestvoto e ubiecot na divite zivotni i rastenija 2Глобална мапа на еколошки отпечаток од потрошувачка, 2014 г. И покрај тоа што во извештајот на WWF се посочува на разликите во потрошувачката, ништо не се споменува за капитализмот кој е причинителот на таквото однесување. WWF Living Planet

Од емисиите на јаглерод до еколошките отпечатоци, најбогатите 10% од луѓето имаат најголемо влијание. Понатаму, изоставен е фактот дека ефектите од колапсот на климата и биолошката разновидност претежно ги чувствуваат најсиромашните луѓе – кои се токму оние кои најмалку придонесуваат за проблемот. Идентификувањето на овие нееднаквости е важно затоа што тоа, а не „човештвото“ како целина, е причинителот на проблемот, и бидејќи нееднаквоста е ендемична и како што и самите знаете постои само во капиталистички системи (а особено нивните расистички и колонијални наследства).

Зборот со кој сите се ставаат во ист кош, „човештво“, се лепи како тапет врз сите пукнатини, и тој не ни дозволува да ја видиме ситуацијата каква што е. Исто така, со овој збор се поттикнува чувството дека луѓето се вродено „лоши“, и дека некако е „во нашата природа“ да консумираме додека не остане ништо. Еден твит, објавен како одговор на објавувањето на WWF, вели дека „ние сме вирус со чевли“, став кој укажува на зголемена јавна апатија.

Kapitalizmot a ne covestvoto e ubiecot na divite zivotni i rastenija 3Наод од извештај: Човештвото истребило 60% од животинската популација од 1970 година до денес
Огромната загуба е трагедија сама по себе и истовремено претставува закана за опстанокот на целата цивилизација, велат водечките светски научници
theguardian.com

Но, што би значело да се пренасочи тој себе-прекор кон капитализмот? Не само што ова би било попрецизна цел, тоа исто така може да нè поттикне да ја видиме нашата хуманост како добронамерна сила.

Да ставиме крај на оваа приказна

Со зборови може да се постигнат големи цели, тие не служат само за префрлање на вината на различни причини. Зборовите создаваат и разбиваат длабоко вкоренети приказни што ги конструираме за светот, а овие приказни се особено важни и можат да ни помогнат подобро да се справиме со еколошките кризи. Користејќи ги генерализираните референци „човештво“ и „потрошувачка“ како причинители на еколошката загуба не само што е неточно, туку и со тоа се одржува искривениот поглед на тоа кои сме и што можеме да постанеме.

Ако прецизираме дека капитализмот е основната причина, од друга страна, ние идентификуваме одреден сет на практики и идеи кои во никој случај не се трајни, ниту пак се вродена човечка особина. Притоа, учиме да видиме дека работите би можеле да бидат поинакви. Со именување нешто со цел тоа нешто да се разоткрие се добива извесна моќ. Како писател и еколог Ребека Солнит вели вака:

Со тоа што ќе ги именуваме работите со нивните вистински имиња, можеме да ги отстраниме сите лаги со кои се дава изговор, ублажување, заматување, преправање, избегнување или поттикнување неактивност, рамнодушност, незаинтересираност. Не е само тоа потребно за да го смениме светот, но е клучен чекор.

Во извештајот на WWF се вели дека „колективниот глас е пресуден за да го смениме трендот на губење на биодиверзитетот“, но колективниот глас е бескорисен ако не може да ги најде вистинските зборови. Сè додека ние и влијателните организации, како што се WWF, не го нарекуваме капитализмот како клучна причина за масовното истребување, ќе останеме немоќни да ја смениме оваа траекторија што има трагичен крај.