fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo

Бетономорје

Градби на неколку метри од брегот на морето најголемиот природен парк Странџа се причина за негодувањата на заштитниците на природата и на љубителите на волшебниот Синеморец. Натрупаните пропусти, прекршувања и можеби не толку точни податоци доведоа до парадоксот да се издадат официјални документи за градба во урбанизираната територија на природниот парк. Во исто време, според Законот за заштитени области, урбанизираните земјишта не можат да бидат дел од паркот.

Упатените тврдат дека проблемите во областа „Полјаните“ настанале од непочитувањето на постапката за пренамена на земјоделското земјиште во заштитеното подрачје во урбанизирано. Според законот, кога има потреба од ваква промена, намалувањето на заштитеното подрачје треба да се изврши во согласност со истата постапка како и прогласувањето на заштитено подрачје. Ова досега не е сторено.

Уништувањето на бреговите, го уништува пејсажот и сите природни вредности на Синеморец.

Веројатно сè ќе биде разјаснето во судница, но дотогаш бетонот ќе се искачува и ќе го гризе она малку останато од дивата убавица на нашиот морски брег.

Бранителите на Синеморец

Марија Чипилева, новинарка, 44 години
sinomorec 9

Тука живеам од неодамна, од годинава, но во принцип сум вљубена во ова место. Повеќе од 10 години секое лето и секогаш кога можам сум тука зашто е многу убаво и магично. Првпат дојдов некаде околу 2010 година.

Тоа беше љубов на прв поглед. За мене ова место ми проговори со средбата за неверојатната природа со човекот зашто само тука можеш да ја видиш дивата природа буквално до дворот на куќата… Тогаш тука имаше животни, овци… Крајностите во Синеморец се собрани на едно место и тоа е магично.

Гледаме како бетонот сè повеќе, за жали, цвета и цивилизацијата зазема сè поголем дел од природата и не знам дали да ја наречам цивилизација или едноставно бетон. Тоа е лошото за мене. Според мене цивилизацијата е белег на културата, а не излевање бетон над морето и всушност одземање од сите останати, зашто така си решил со оглед на тоа дека имаш финансиски можности.

Природата е на сите, таа не може да биде само на еден човек, нема можност да стане приватна! Не постои закон кој го мотивира одземањето на една полјана, поскоро нема морал кој ќе ги оправда законите кои дозволуваат да се земе таа земја од државата, да вели: таа ќе стане приватна државна земја, ќе ја дадеме на општината, а општината ќе ја продаде.

Локалните жители кои живеат тука со години се зависни за бизнисот или за прехраната од општината. Тие немаат никакви алтернативи. Тоа е друг проблем. Општината наместо да мисли како да привлече инвеститори и да создаде долгорочна вработеност и бизнис кој нема да ја повредува природата, тие смислиле едноставно да ја продадат земјата. Регионот е убав, зошто не се мисли на одгледување билки на пример, или печуркарство или слични земјоделски дејности или, пак, стимулирање на одгледување добиток. Всушност, единственото нешто што се прави е да се сече Странџа, тоа го гледам од пролет до есен со камионите кои се натоварени до дрва кои се изнесуваат за да се бетонира морето. Тоа се двете дејности на општината. Таа дури ни ѓубрето не го собира! Скандалозно е ова прекрасно место да биде закопано од малите локални депонии насекаде!

Искрено се надевам дека благодарение на незадоволството на луѓето и примерот што го даваат со грижата за ова место – сум гледала како самите го собираат отпадот – нештата ќе се променат. Се надевам дека и локалната управа ќе порасне интелектуално и морално и дека ќе влезе во своите вистински функции да се грижи за населението и за природата.

Људмил Валентинов Хајдутов, готвач, 44 години
sinomorec 10

Имам работено многу нешта: во хемиска лабораторија, сум бил уредник, сум се занимавал со етноботаника, имам работено на еколошки проекти. Имам завршено екологија. Живеам во Синеморец.

Дојдов тука во 1994 година, бевме на практика од факултет во Царево. Потоа дури во 2018 година случајно ми предложија работа во Синеморец преку лето. Само што решив да се оттргнам од животот во Софија и ја прифатив понудата. Работев извесно време и следната пролет дојдов повторно тука и повеќе не заминав.

Некако си го најдов местото. И покрај тоа што административно е село, всушност не е тоа. Синеморец е една посебна смеса меѓу големиот град и селскиот живот.

Пораснат сум во времето на големите промени и протестите се мој крик на незадоволството. Во малкунаселените места секогаш постои зависност помеѓу локалното население и општинските власти. Во Синеморец секоја година доаѓаат сè повеќе луѓе, а локалното население како да не се грижи дека ќе дојде време на презаситеност и дека местото ќе ја изгуби својата привлечност и постепено ќе настапи сериозен одлив.

Ме нервира тоа што градбите се резултат на мали криминални дејствија. Тие имаат решение за градба засновано на фактот дека теренот е 1 декар и се претпоставува дека толку мала површина нема да им наштети на заштитените зони. Но, сосема намерно никој не прави оценка на целокупниот ефект кој ќе се добие доколку се изградат сите парцели. Не ги познавам луѓето што градат тука. Последниот е архитект и ми е чудно што специјалист решил таму на средината на самиот брег од морето да гради. Дури не можам да му ја сфатам идејата и зошто тоа му се допаѓа. Тоа е буквално на еден метар од карпите, има една мала патека и по некое време кога ќе дојдат и другите соседи – едноставно не сфаќам… Налето некако и може, но назима ветриштата тука се брутални и навистина не знам како треба да се гради тука…

Синеморец е подрачје со големи еколошки вредности.

Тука постои многу здрава заедница на луѓе кои се дојдени на ова место одамна и кои успеваат да земат со себе и да задржат нешто од стариот Синеморец. Многумина сметаат дека тука има енергетски извори, можеби тоа е точно зашто привлечноста на ова место е силна.

Според мене нештата ќе се променат и мислам дека има шанса да се зачува она што е сè уште останато…

Автор на фотографија и текст: Добрин Кашавелов (Бугарија)

Сподели