Христијанова пештера
Христијанова пештера се наоѓа во близина на селото Јаболци, Скопско. Иако оваа пештера според Категоризацијата на пештери од 1993 година од проф. д-р Драган Колчаковски е категоризирана како значајна пештера, истата сè уште не е физички заштитена.
Лесниот пристап до пештерата како и трагите на физичка активност и уништување на пештерски украси може негативно да влијаат и врз популацијата на лилјаци во неа. Дополнително, околното подрачје веќе интензивно се искористува и зачестена е појавата на каменоломи.
Оваа значајна пештера коja се наоѓа во непосредна близина на Скопје треба итно да се заштити.
Автор: Александар Стојаноски, Истражувачко друштво „Урсус спелеос“
—
Ова видео е избрано дело од конкурсот за учество на јавноста во активностите на ДОМА како дел од кампањата „Разбистри сè!“– кампања за застапување и лобирање.