Иберлиска река, недопрена македонска убавина
Ја среќаваме под различни имиња како Иберлиска, Челевечка, Јуручка или П’гавица. Но таа е една единствена – девет километри долгата лева притока на Вардар, која во горниот тек има кристално чиста и питка вода, а во долниот тек е исклучиво загадена и деоксидирана поради човечката негрижа. И покрај тоа, во неа се уште егзистираат некои видови риби и слатководен рак. А движењето по нејзиниот тек е едно исклучително доживување, со прекрасен пејсаж прошаран со шуми, ливади и пасишта, меѓу кои е и раритетната платанова шума. ДОМА преку серија фотографии ви доловува само мал дел од оваа природна убавина.
Според кажувањата на локалните жители туристистичките работници од Демир Капија веќе започнале тука да организираат еднодневни екскурзии за своите гости. Можеби е тоа прв сигнал дека е потребно да се направи ревалоризација на вредностите на овој предел и негова заштита согласно новата законска регулатива, со што би се уредил начинот на однесување.
Пред да биде доцна.
Содржината е изработена од Институтот за комуникациски студии.
Фотографија и текст: Дарко Андоновски