Јабланица соголена од дива сеча на дрвја
Огромни површини букова и дабова шума се уништени од дива сеча на планината Јабланица. Жители на Октисти обвинуваат дека нелегална сеча се врши и на приватни шуми од фирми коишто ги ангажира државното претпријатие „Национални шуми“. Оттаму, пак, велат дека работат според план за сеча на дрвјата, но укажуваат дека не се во можност да ја контролираат дивата сеча којашто очигледно ја соголува планината. Дополнителен проблем е што во последните години Јабланица воопшто не е пошумена.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Мики Трајковски
Снимател: Марјан Шуминоски
Монтажер: Ристе Душковски