fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
lokuf mal dokaz za uspesno spasen ekosistem 1

Локуф – мал доказ за успешно спасен екосистем

Во Македонија, еколошките проблеми и проблемите со животната средина се процеси кои траат долго и тешко се решаваат. Причините се ова се разни; политички интереси и воља, финансирање, приоритети или конфликти со економскиот развој. Но, сепак кај нас постојат и мали примери и докази за успешно спасени или зачувани екосистеми и видови. Таква е приказната за  Локуф – малото  мочуриште, во срцето на Дешат.

Lokuf mal dokaz za uspesno spasen ekosistem 2

Мочуриштето Локуф се наоѓа наоѓа над селото Требиште, на планината Дешат, во рамките Националниот парк Маврово. Планината Дешат го зафаќа средишниот дел од Корабскиот Планински Масив. Кон север Дешат се надоврзува на планината Кораб, додека кон југ со планината Крчин. За време на геолошката епоха Плеистоцен, само највисоките делови од планината Дешат биле зафатени со интензивна глацијација, која оставила длабоки траги во формирањето на рељефот. Остатоци од леденото доба на планината Дешат се исто така присутни, во вид на глацијални рељефни форми од типот на циркови, од кои највпечатливо е токму Локуф. Според некои тоа е глацијално езеро, но според други мочуриште. Сепак, според количеството на вода, како и флората што се развива во него, на Локуф може да се гледа како мал мочурлив екосистем.

Локуф освен како ретка геолошка појава, значаен е и како место каде се развива растенијето од видот Menyanthes trifoliata.  Овој вид има ограничено распространување на територијата на Македонија, односно може да се сретне на многу малку места. На светско ниво според Меѓународниот сојуз за заштита на природата,  ова растеније не е се уште загрозено, но местата и екосистемите на кое може да се сретнат се сé поретки.

Неколку години, мочуриштето и овој вид беа загрозени заради неговата еутрофикација од страна на бачилото кое беше присутно во негова близина. Бачилото при неговото работење ја загадуваше водата со органски отпад што ја правеше заматена и зелена. Со притисок и ангажираност на различни државни организации и поединци, бачилото беше дислоцирано, а Локуф спасено.

Овој пример за добро уредување и зачувување на кревките и ретки екосистеми и видови иако мал, треба да употребува и решавање на поголемите подрачја под заштита, на кои им се заканува исчезнување.

Lokuf mal dokaz za uspesno spasen ekosistem 2

Денес, мочуриштето Локуф се наоѓа на Националната листа на издвоени локалитети на значајно геонаследство од сферата на хидрологија кои треба да се земат во предвид при изработка на новиот Просторен План на Република Македонија.

Литература:

https://www.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2014/12/%D0%9D%D0%B0%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-2017-2027.pdf

https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2018/03/Mapirane-na-prirodnite-resursi-i-kulturnoto-nasledstvo-vo-Debarskiot-region.pdf

https://www.iucnredlist.org/species/163993/5685517#assessment-information

https://npmavrovo.org.mk/

Сподели