fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 1

Парк на природата Чам Чифлик – непознатата македонска шума над Струмица

Високо издигнат над градот Струмица и Струмичката котлина се наоѓа локалитетот Чам Чифлик.  Првично со решение на Националниот институт за заштита на спомениците на културата, шумата од црн бор во локалитетот Чам Чифлик е прогласена за специјален резерват. Сега локалитетот се наоѓа во категоријата Парк на природата заедно со локалитети како Катлановски предел и Езерани.

Специфичните карактеристики на растителниот свет, како и вредностите на просторот проткаени со геолошки форми, се елементи кои ја прават една од позначајните шумски заедници – термофилната заедница од црн бор. Црниот бор во месноста Чам Чифлик е подвид на кримскиот бор.  Овој вид бор кој е со широко развиена крошна, дебели гранки и крупни лисја е шумско дрво на приморската област во Мала Азија. Во нашата земја се среќава и во околината на Гевгелија.

На десната страна од патот што води од Струмица кон локалитетот, на рамнината која е на 510 метри надморска височина, сé до 1913 година постоело селото чие име било како и името на месноста – Чам Чифлик. Денес, само остатоците од некогашното село сведочат дека постоело.

Освен природни, Чам Чифлик има и историско-археолошки вредности. Во негова непосредна близина се наоѓаат археолошкиот локалитет Цареви Кули. Тоа се низа на утврдување и воени објекти користени за потребите на Самоиловото Царство.

До локалитетот Чам Чифлик може лесно да се стигне по тесен локален пат. На патот се наоѓа ново изградениот угостителски објект Цареви Кули како и Споменик во чест на АСНОМ. Низ овој регион се поставени неколку планинарски патеки кои водат во различни правци кон струмичката котлина и кон правец на акумулацијата Водоча. Управувач на ова заштитено подрачје е општина Струмица. Иако околу има означени планинарски патеки, недостасуваат едукативни табли како и ознаки на локалниот пат за правецот и точната локација на заштитеното подрачје.

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 1Локалитет Чам Чифлик

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 2Поглед спрема Струмичката Котлина

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 3Дел од шумата со црн бор

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 4Археолошки локалитет Цареви Кули

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 5Археолошка локалитет Цареви Кули

park na prirodata cam ciflik nepoznatata makedonska suma nad strumica 6Чам Чифлик

Сподели