fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
shto da napravite ako vidite povredeno divo zhivotno feat

Што да направите ако најдете повредено диво животно?

Речиси на месечно ниво, особено во пролетните и летните периоди, граѓаните низ своите прошетки во природа или во населбите наоѓаат повредени или заталкани диви животни. Сите кои се нашле во ваква ситуација, се среќаваат со инстуционалната неможност да се излечат, вратат или привремено вдомат овие животни.

На Mакедонија итно и е потребен прифатен центар за згрижување диви животни. Додека надлежните бараат европски пари за реализирање на проектот се бараат ад-хок решенија, коишто според експертите значат импровизација и честопати создаваат институционални парадокси. Македонија е меѓу последните држави од регионов без ваков капацитет.

  • Македонија со години е оставена без Прифатен центар за згрижување диви животни.
  • Празнината ги принудува институциите, екологистите и хуманите граѓани да бараат ад хок решенија, најчесто во зоолошките градини. Од скопската ЗОО предупредуваат дека немаат капацитет да пружат адекватна грижа и нега за прифатените диви животни.
  • Македонија е меѓу последните земји од регионов што нема ваков центар, а некои имаат и по повеќе капацитети. Ова доведува парадоксални ситуации, кога цариниците и полицајците ќе спречат шверц и ќе поднесат пријави, а животните нема каде да се чуваат до завршување на судскиот процес.
  • Министерството за животна средина изработи студија за Прифатниот центар за диви животни. Пари ќе се бараат од европските ИПА фондови. Се подготвува и нов Закон со којшто точно ќе се дефинира која институција за што е надлежна.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Иван Поповиќ, Владимир Димоски
Монтажер: Ристо Душковски