fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 4

Смоларски Водопад – единствениот постојан водопад во Македонија

Смоларски водопад — водопад сместен на северните падини на планината Беласица, по текот на реката Ломница, на надморска висина од 600 м во регионот на селото Смолари. Селото Смолари се наоѓа во северното подножје на планината Беласица во областа позната како Подгорие. Водопадот  е оддалечен 28 километри од градот Струмица.

Вкупната височина на вертикалата на Смоларскиот водопад изнесува 39,5 метри.. На дното од водопадот формиран е џиновски лонец, чија должина во правец на течењето на речната вода изнесува 5 метри, широчината е 11 метри, а длабочината се движи од 0,5 до 0,7 метри.

Со одлука на Собранието на РМ, Смоларските водопади се прогласени за Споменик на природата за нивните геолошки и вегетациски вредности.

Низ локалниот пат кој води до с. Смолари поставени се неколку јавни и индивидуални табли кои го покажуваат правецот кон локалитетот. Од селото до водопадите се пристигнува преку уредена планинска патека, со ограда изработена од дрво како и што наведува во Закон за заштита на водопадите. Низ патеката се поставени неколку едукативни табли кои поставени од неколку проекти посветени на локалитетот, најчесто финансирани од странски фондации.

Во зоната за активно користење на локалитетот се наоѓа и приватен ресторан. Изграден е од дрво, но неговите капацитети и начините на кои се шири и гласната музика почнува да ја нарушува мирната атмосфера на локалитетот. Со оглед на тоа дека водопадите се на неколку минути од селото, потребата за угостителски ресторан толку блиску до шумата ја губи потребата.

Управувач на Смоларските водопади е Општината Ново Село која освен со промоција треба да се позанимава и со унапредување на локалитетот и одржување на околната атмосфера.

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 1Ознаки по патот

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 2Уредена шумска патека води до водопадите

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 3Старата дрвена ограда е заменета со метална

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 4Смоларски Водопади

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 5Дрвена платформа за набљудување

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 6Ресторанот близу локалитетот

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 7Последици од угостителството

smolarski vodopad edinstveniot postojan vodopad vo makedonija 8Изградба на мал хотел во близина на локалитетот

Сподели