Вретена се бори за опстанок во загадените реки
Ендемичен вид риба се бори да го преживее загадувањето на македонските реки. Забележана од 1937 година во Вардар, вретена се запишува како уникат во светот, но ниту домашни ниту странски експерти не виделе доволно интересен повод за да откријат нешто повеќе за оваа риба. Сега кога во коритата течат повеќе отпадни отколку речни води, вретена се губи како коцка мраз на сонце. Професорот од Институтот за сточарство, Костов, вели – зборуваме со децении, но заложбата на државата за природата е само декларативна.