fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
zastitenite podracja vo skopje disat slobodno vo izolacija bez luge g3 3 1

Заштитените подрачја во Скопје „дишат“ слободно во изолација без луѓе

Повеќе од еден месец, заштитените подрачја во Скопје се тивки и мирни. Полицискиот час го ограничи и намали движењето на луѓето низ овие подрачја кои вообичаено се најпосетуваните излетнички места во скоскиот регион. Бевме навикнати во пролетните и летните периоди тие да се преполни со посетители, туристи и планинари, со автомобили и автобуси насекаде и многу, многу бучава. Денес, Матка, Водно и Гази Баба накратко се оставени сами, да здивнат од повеќегодишната борба со интезивна урбанизација, уништување и/или лошо управување.

Кањонот Матка

Кањонот Матка е еден од најрепрезентативните природни локалитети во Македонија. Тој е резерват на голем број реликтни и ендемични растенија и животни. Но, поради големиот притисок од посетителите и негрижата од управувачите кои често се менуваат, Матка ја губи природната вредност. Пример за тоа се нелегалните платформи кои преку ноќ се појавија во кањотот и дури и после една година, овој проблем останува нерешен и невидлив за институциите. Освен платформите, во текот на целата година моторни чамци шараат по кањонот, што е строго забренето во правилниците за управување на спомениците на природата.

Водно

Водно е најпосетуваното подрачје под заштита во државата. Тоа претставува место каде граѓаните преку целата година пешачат, планинарат, возат велосипеди и се рекреираат. Во последните години сведочиме за една форма на „масакрирање“ на Водно и шумите по него. Иако станува збор за шумски насади стари повеќе од шеесетина година, сепак, тие денес функционираат како вистински шумски екосистем. Големиот број петиции, иницијативи и протести не успеаја да го сопрат градењето на гасоводот Скопје-Тетово-Гостивар низ парк шумата Водно и околните падини. Ова беше само продолжување на сечењето за изградба на новиот пат како и жичарата. После една деценија, минатата година беше објавена новата студија за валоризација на заштитетното подрачје парк-шума Водно. Според неа, се предлага Водно да добие заштита од катероријата заштитен предел. Сепак, оваа студија наиде од коментари од неколку граѓански организации и од Шумарскиот факултет кои за Водно бараат креирање на посебен закон што ќе го заштити и како природна вредност, но и како анти-ерозивен штит на градот.

Гази Баба

Парк шумата Гази Баба е заштитено подрачје на територија на град Скопје од категоријата заштитен предел. Ова е еден од ретките големи површини на градот, покрај Градскиот парк и Водно. Гази Баба е вистинска реткост – заштитено подрачје во урбана средина. Со поставувањето на патеки низ подрачјето, неговата посетеност е значајно зголемена. Но, Гази Баба е полна со помали и поголеми депонии, а отпадоци може да се сретнат речиси низ целата површина. Освен отпадот, чести се и помалите пожари, особено во летниот период и тие се и главната опасност за шумата.

Наскоро не очекува период кога мерките против ковид 19 ќе се намалат, а можно е и укинување на полицискиот час. Дали по завршувањето на долгите денови на домашна изолација, конечно ќе почнеме да ги цениме повеќе природните вредности околу нас и вистински ќе ги заштитиме?

Фото: Томислав Георгиев

Сподели