Кој ги штити заштитените подрачја?

31 август 2018

Во Македонија 86 подрачја се правно заштитени за да се зачува нивната специфична биолошка разновидност. Меѓутоа, природните реткости се уништуваат главно со дива сеча и загадување со отпад бидејќи повеќето општини, кои управуваат со заштитените подрачја, немаат пари да ги штитат, а не се одвојуваат доволно средства ниту од Министерството за животна средина.

Во Македонија 86 подрачја се правно заштитени за да се зачува нивната специфична биолошка разновидност. Меѓутоа, природните реткости се уништуваат главно со дива сеча и загадување со отпад бидејќи повеќето општини, кои управуваат со заштитените подрачја, немаат пари да ги штитат, а не се одвојуваат доволно средства ниту од Министерството за животна средина. Покрај заштитата на биолошката разновидност, од заштитените подрачја корист може да имаат и туризмот, фармацијата, медицината, текстилната, па дури и филмската индустрија, со што ќе се намали невработеноста и ќе се подигне животниот стандард на населението.

ТВ верзија

Со документарецот за Орлово Брдо и за Лесново, #СамоПрашај го започнува серијалот на еколошки документарни филмови „Дома“ кои ќе ги изработува Институтот за комуникациски студии.

    Поврзани приказни