Што е „Дома“?
Заштитата на животната средина е еден од најголемите предизвици со кои се соочува Македонија и регионот. Недостигот од проверени, точни и прецизни информации, квалитетни анализи, дебата, како и одговорност од надлежните институции, отвори простор за креирање на #Дома.
#Дома е еколошка, едукативна, онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии преку која истражуваме, анализираме, информираме и едуцираме за теми поврзани со животната средина, биодиверзитетот, одржливите практики и еколошката свест.
Целта на #Дома е да информира и едуцира за заштитата на животната средина и биодиверзитетот, да поттикне дебата и да ги мотивира граѓаните активно да се вклучат и да вршат притисок врз институциите за решавање на проблемите. Исто така, #Дома, дополнително ќе бара и одговори од надлежните институции, со што тие ќе имаат можност да ја демонстрираат својата отчетност и транспарентност и ќе придонесат кон поинформирани и активно ангажирани граѓани.
Проблемите со животната средина, како и самата природа не познава политички граници. #Дома ќе ги истражува природните вредности како и природните опасности и закани на регионално ниво во соработка со сите балкански земји и пошироко.
Оваа веб-страница е се одржува во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.
Добредојдовте #Дома!
Уредник
Кирил Арсовски Пржо
+389 2 3090 004
Кои сме ние?
Институтот за комуникациски студии (ИКС) е непрофитна научно-истражувачка организација, основана во 2012 година.
Мисијата на ИКС е да помогне во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.