Кобна судбина за „Долината на здрави води“ во Србија

18 јануари 2021

Со забревтано темпо се градат мали хидроцентрали во Србија за да се искористат политиките за гарантиран откуп на струја по повластени тарифи. При тоа, не се внимава на заштитата на животната средина и во многу случаи со изградбата се уништуваат реките и живиот свет. Пример за тоа е реката Сокоља, дом на речна пастрмка којашто сега е пресечена на половина.

„Долина на здрави води“ го нарекувале некогаш жителите во околината на Кралево местото каде што тече реката Сокоља поради 22 извори кои се слевале во неа. Тие сведочат дека со изградбата на мала хидроцентрала целосно е изместено нејзиното корито. На проблемот со нарушување на природата од овие енергетски капацитети подолг период укажуваат екологистите и населението во Србија, но тоа не ја спречи српската Влада да ги ги зголеми таканаречените повластени тарифи и на тој начин да ја поттикне изградбата на мали хидроцентрали.

Прочитајте ја целата приказна „Милионери на наша сметка“.

Оваа содржна ја изработи Институт за комуникациски студии.

Новинарка: Тихана Бајиќ
Снимател: Милош Милиќ
Монтажерка: Тихана Бајиќ

    Поврзани приказни