fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
so adaptirani sorti na domati protiv klimatskite promeni featured

Со адаптирани сорти на домати против климатските промени

  • Доматот одгледан на отворено е тнр. плантажно производство и се користи најмногу во преработувачката индустрија и е директно подложен на климатските промени.
  • За одгледување на домат во затворено се користи енергија за затоплување, а кај нас тоа е мазут кој директно учествува во загадувањето.
  • Треба да се употребуваат сорти кои што ќе бидат адаптирани и ќе одат паралелно со промените кои ги живееме.

Климатските промени влијаат на сè! Тоа значи дека не го одминуваат ниту аграрот. Што значат климатските промени или глобалното затоплување за еден од основните производи на македонската трпеза – доматот. Екипата на ДОМА беше во „оазата на чушки и френки“, струмичко, или поточно во селото Зубово, за да видиме што се случува со доматот под влијание на климатските промени.

Кога надвор е некаде околу 20, 22, 23 степени, внатре во пластеникот е сигурно двојно повеќе.

Како што вели професорката Гордана Поп-Симонова од Катедрата за градинарство и цвеќарство при Факултетот за земјоделство и храна, во нашата култура и во нашата исхрана, доматот е симбол на свежина, убавина, благост. Основа на економијата.

Доматот расте на два начини, односно на отворено и на затворено. Зошто е тоа важно? Затоа што климатските промени различно влијаат на доматите што се одгледуваат на отворено и на овие што се на затворено.

Доматот одгледан на отворено е тнр. плантажно производство и се користи најмногу во преработувачката индустрија и е директно подложен на климатските промени.

gordana 300x300 1

„Пред сè кај доматот се случуваат температурни шокови. Екстремно високи температури во текот на денот, па студени ноќи. И тогаш го добиваме оној домат на кој сите се жалат, со дрвенеста структура, бела во средината на плодот. Добиваме напукнати плодови, имаме абортирани цветови“, објаснува професорката Поп-Симонова.

Кога зборуваме за одгледување на домат во затворено, во тој случај е потребна енергија, односно затоплување на овие фолии за да може растението да биде отпорно на надворешните влијанија и надворешните температури. Во тој случај, климатските промени не можат многу да влијаат на овој домат. Но, за загревање, мора да употребиме нешто за да добиеме енергија, а најчесто тоа нешто придонесува за загадување на воздухот.

so adaptirani sorti na domati protiv klimatskite promeni 1

За одгледување на доматите во затворена потребна е енергија за затоплување

Кај нас се користи мазут и тоа директно учествува повторно во создавањето на проблемот, вели нашата соговорничка и објаснува дека тоа што би можеле да го направиме е пред сè да користиме обновливи извори.

so adaptirani sorti na domati protiv klimatskite promeni 2

Потребни се нови адапптирани сорти кои ќе им пркосат на климатските промени

Ја прашуваме професорката: Кое е најцрното сценарио што му се заканува на доматот поради климатските промени? Можно ли е целосно да го снема од македонската трпеза?

Таа вели дека како растение доматот меѓу зеленчуците се одликува со тоа што е исклучително флексибилен во однос на условите во животната средина. Затоа треба да се употребуваат сорти кои што ќе бидат адаптирани и ќе одат паралелно со промените кои ги живееме.

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинарка: Катерина Топалова Дејановска
Снимател: Наке Батев
Монтажер: Ристо Душковски