fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
osnovite na nacionalniot zelen dogovor feat

Основите на националниот Зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан

Зелениот договор е сеопфатен прогресивен план за борба против климатската катастрофа при отстранување на општествено-економските нееднаквости во државата. Планот е стратешка рамка за колективно дејствување кон трансформирање на функционирањето на економскиот и енергетскиот систем преку креирање на илјадници ниско-јаглеродни работни места за квалитетен и достоинствен живот за сите живи суштества во хармонија со природата.

Овој инфографик ги споредува основите на кои се изградени националниот Зелен договор припремен од страна на Коалицијата на иднината и Зелената агенда за Западен Балкан припремена од Европската комисија како дел од економскиот и инвестициски план на Европската Унија за земјите од западнобалканскиот регион. Споредбата е направена на база на (не)партиципативните начини на кои двата документи се креирани, временската рамка и актерите кои се вклучени во областите на дејствување кон достигнување на визиите за секој од документите и општествено-економскиот модел врз база на кој се засноваат предлозите за справување/ублажување на климатско-небезбедната сегашност и иднина и порастот на општествената нееднаквост.

Споредбата укажува на разликите во приоѓањето кон оваа тешка задача од страна на „grass root“ групи, локални заедници и засегнати граѓани ширум државата здружени во Коалицијата на иднината кои се директно погодени од меѓусебно поврзаните климатска, еколошка, економска и општествена криза, во споредба со креаторите на политики од ходниците на Европската комисија, привилегирано отцепени од реалноста на македонските граѓани, како и на граѓаните од остатокот од земјите на западнобалканскиот регион. Како сеопфатна рамка на градење политики, првите го користат моментумот кој го креира Зелениот договор колективно да дефинираат визии, цели и предлози за нивно исполнување, на база на веќе постоечки решенија за драстична трансформација на општеството во кое живееме. Вторите пак, ги насочуваат своите напори, политичка моќ и финансиски ресурси кон инкрементални промени во статус квото, во насока на мали промени, но за задржување на капиталистичкиот економски систем и екстрактивните и оттуѓувачки навики на човекот кон природата.

Основи на националниот Зелен договор и Зелената агенда за ЗБ

Автори: Симона Гетова и ЈД Фаругија


Оваа анализа е производ на соработката помеѓу редакцијатана ДОМА и The Climate Herald (https://www.theclimateherald.com/)

Сподели