Teшка зима: Дали обновливата енергија ни е спасот?
- Сигурното снабдување со енергија ќе ја намали зависноста на земјава од увоз на енергија.
- Најважен документ за секоја земја е стратегијата за енергетика, а кај нас со години се работи на неколку сценарија.
- Процедурата за изградба на соларни електрани е предолга.
- Македонија е релативно богата со геотермални води, но искористеноста е прилично слаба.
- Енергијата на ветерот е со најголем потенцијал за раст, но Владата е повеќе фокусирана на хидроенергијата.
Студот влегува на голема врата. Грејната сезона се решава ден за ден. Има ли можност да се почувствуваме сигурни како земја која е енергетски зависна и со ограничени финансиски средства?
Сигурното снабдување со енергија ќе ја намали зависноста од увоз на енергија, а тоа пак ќе не направи поотпорни на надворешните случувања. Сонце, вода и ветар, ова се трите ресурси кои можат да помогнат за енергетска независност. На Стратегијата за енергетика со години се работи. Експертите посочуваат дека искористеноста на некои од нив е слаба, иако исплатливоста е поголема. Кон тоа придонесуваат и сегашните владини решенија кои повеќе се фокусираат на хидроенергијата која има сериозни влијанија врз животната средина и општеството, не е економски одржлива и има слаб потенцијал за раст.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Ристо Душковски