Тешка зима: Ќе имаме ли доволно електрична енергија?
Колку пари – толку струја. Иако, поимот „тешка зима“ се поврзува со енергетската криза, податоците покажуваат дека енергетската криза, всушност повеќе е финансиска која ги ограничува набавките на енергенси. Високите цени диктираат кој и колку може да купи. А тие, во споредба со лани се повисоки за најмалку 10 отсто. Греење и светлина ќе имаат само оние што ќе имаат да платат.
Државите како нашата што не можат да сметаат на сопствено производство, се надеваат на помош од соседите, но сето тоа се уште е само на разговори, иако сезоната на зголемена потрошувачка на енергија веќе започна.
Набавка на ресурси се прави ад хок, а неизвесноста ја зголемува непредвидливоста. Енергенси засега се набавени до Нова година. Како Македонија се подготви за најавената тешка зима?
Накратко
- ЕСМ набави јаглен и мазут од Грција и од Албанија кои се доволни до Нова година.
- На берзите се нуди 10 до 15 пати поскапа струја, а слично е и со природниот гас.
- Поради дотраеноста на домашните капацитети за производство, власта бара помош од соседните земји.
- Дел од разговорите се во рамките на Отворен Балкан, но досега се без конкретни резултати.
- Владата ја субвенционира цената на струјата за домаќинствата и индустријата што индиректно го зголемува буџетскиот дефицит.