fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
teska zima odrzivite gradovi se spasot featured

Teшка зима: Одрживите градови се спасот

 

  • Сета енергија од фосилни горива која ќе се искористи оваа зима ќе остави траги по природата и луѓето.
  • Единствено самоодржливите градови ќе можат да си го олеснат живеењето во услови на поголем студ.
  • Скопје се развива неплански поради што за сите нови градби немаме соодветна инфраструктура.
  • И кај нас, тренд стануваат зелените појаси, но ова или е само декларативно или и тоа е неплански.
  • Државата, покрај тоа што треба да понуди и да одржува здрава животна средина, треба и да ја унапредува.

Иако од пред неколку месеци оваа зима се дефинира како тешка, за следните се прогнозира дека ќе бидат уште потешки. На светско ниво, самоодржливите градови ќе можат да си го олеснат живеењето во услови на поголем студ. Но, за да имаме ние одржлив развој, треба да го планираме. Скопје се развива неплански и затоа реторички звучи прашањето: Дали постои план каде и каква зграда ќе се изгради во нашиот главен град? Дали се води сметка кога градењето згради, го руши квалитетниот живот?

Уставот гарантира дека сите ние, а најмногу институциите треба да се грижат за унапредување на животната средина. Тоа значи, дека државата, покрај тоа што треба да понуди и да одржува здрава животна средина, треба и да ја унапредува. Животната средина е клучниот елемент за еден град кој се стреми да биде одржлив, зашто во спротивно, на градот му се случува она што и на човечкиот организам после инфаркт!

 

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.

Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Борче Крстевски