Чист Вардар – реалност или утопија
Сè уште се чека да почне изградбата на пречистителната станица во Скопје за којашто државата на крајот на 2019 година склучи договор за заем од европските банки во износ од 136 милиони евра. Проектот предвидува првата фаза од изведбата на пречистителната станица да биде готова до 2035 година. Се предвидува цврстиот отпад да се носи на Дрисла, а тињата да се согорува и да се користи како ѓубриво во земјоделството.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинарка: Катерина Топалова
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажер: Борче Крстевски