Дивина: Одговорноста на човекот
Во последната епизода од серијалот Дивина, Диме разговара со Луиџи Боитани, професор на Универзитетот Сапиенца во Рим и долгогодишен истражувач на биодиверзитетот во Италија.
Во 70тите години од минатиот век, Луиџи за прв пат со својот тим сретнува вид за кој сметаат дека е хибрид од волк и куче. Денес, дури 70 проценти од волците најдени во делови од италијанските планини, вели, се хибридни видови.
Луиџи споделува со Диме како овој феномен влијае врз екосистемите и соживтотот со луѓето но предлага и голем број можни решенија со кои би се заштитиле и кучето и волкот како видови.
Дел од нив може и треба да се применат во Македонија.
Слушнете го заклучокот на Диме во третата епизода на серијалот Дивина, изработен во соработка со Македонското Еколошко Друштво.