Национален парк Шара – нов туристички бренд на Македонија
Шар Планина во себе крие голем туристички потенцијал. Со нејзиното прогласување за национален парк ќе се создаде нов национален туристички бренд што дополнително ќе ја промовира оваа планина на домашниот, но и странскиот туристички пазар. Сепак, на Шара недостасува потребната туристичка инфраструктура како и слухот на државата да ги имплемтира предлозите за развој на туризмот наведени во стратегиите и туризмолошките анализи. Кога Шара ќе стане национален парк ќе се отворат нови можности за екотуризам, но ќе се ограничат веќе постоечките туристички гранки како ловниот и риболовниот туризам.
Интервју со проф. Арта Кадриу, околу туристичкиот потенцијал на идниот национален парк Шара