Државата е немоќна да се справи со дивоградбите во заштитените подрачја
Стотина куќи никнале крај реката Бабуна близу Велес, во предел кој е заштитен како локалитет со карактеристичен пејзаж. Државата е немоќна да се справи со овие дивоградби, оти донела закони кои се противречни. Општините ги чуваат во фиока барањата за легализација, чекајќи измени на законите. Екологистите решението го гледаат во прогласување национални паркови, секаде каде што има шума или ретка природа.
Новинар: Владимир Тевчев
Снимател и монтажа: Иван Камчев
Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.