Хроничен недостиг од инспектори во животната средина
Само 23 инспектори се вработени во Државниот инспекторат за животна средина, што ни оддалеку не е доволно за контрола на целата територија на Македонија. Освен што има недостиг од кадар, оваа институција кубури и со логистичка опрема како што се теренски возила поради што е невозможно да ја извршуваат нивната работа во непристапните делови од земјава. За да извршат контрола на работењето на малите хидроцентрали, инспекторите бараат превоз од сопствениците на овие капацитети и немаат можност за ненадејни инспекции. Дополнителен проблем е што поради економската криза е намален буџетот на оваа институција.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Катерина Топалова
Снимател: Александар Миловановски, Трајче Илиевски
Монтажа: Ристо Душковски