
Ние го создаваме, ние можеме и да го намалиме отпадот
Колку и да ни изгледаат безначајно мали нашите секојдневни навики во трошењето струја, вода, купувањето, облекувањето, готвењето, патувањето до работа и училиште, годишниот одмор… сите тие имаат кумулативен ефект. Тоа што секој одделно може барем малку да го намали, кога ќе се собере на куп станува многу. За тоа што може да направи секој од нас во посебни области, Јане Димески зборува со модната дизајнерка Ирина Тошева, со Димитар Самарџиев од Зелената Арка и со Андријана Папиќ Манчева која со години експериментира како да го сведе домашниот отпад на НУЛА.
Со модната дизајнерка Ирина Тошева која се грижи и за отпадот од модната индустрија зборувавме што може секој да направи со облекувањето за да го намали отпадот кој потоа ѝ го остава на животната средина. Таа советува, пред да се нурнете во обилните продавници за облека прво да си го проверите плакарот за да видите што сѐ имате…

Тошева: Пред да купувате нова, проверете ја старата облека
Андријана Папиќ Манчева која со години експериментира како да го сведе домашниот отпад на нула вели дека сѐ повеќе расте бројот на производи кои зад себе не оставаат отпад од амбалажи. Добар почеток е користењето на платнените торби за пазарење, избегнувањето непотребно да се купуваат пластични играчки, споделувањето на детска облека со пријателите и купувањето на хигиенски производи рефус…

Папиќ-Манчева: Добар почеток е користењето на платнените торби за пазарење
Со Димитар Самарџиев од Зелената арка која ја одржува урбаната градина Бостание во Ново Лисиче зборувавме за храната. Вели клучното е да се купува локална сезонска храна, а важни се и рецептите. Креативноста во готвењето овозможува купеното да се искористи максимално, а отпадот кој ќе остане да биде минимален.

Самарџиев: Да се купува локална сезонска храна
Целиот поткаст „Што може да напраиме ние со отпадот“, може да го слушнете тука.