Расадникот на можности растргнат од лакомоста за профит
Едни на барикадите за хуман живот и за запирање на бетонизацијата, други бараат повеќе згради и катови за повеќе пари. Скопје во Расадник може да го добие својот „Хајд Парк“. Попречувањето на ружата на ветрови којашто поминува оттука може засекогаш да го „загуши“ главниот град во загадениот воздух. Архитектите бараат јавен конкурс за просторот од јавен интерес наспроти ДУП што ќе ја преплави Кисела Вода со илјадници нови жители. Општината се правда – немаме пари да ги обесштетиме сопствениците за да направиме парк. Битката за „Расадник“ е последната битка за хумано Скопје.