fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
Скопје – каде чистиот воздух е луксуз

Скопје – каде чистиот воздух е луксуз

Три факти за воздухот во Скопје

Скопје е град со енормно загаден воздух – ова е единствениот факт и вистина, изјава која е потврдена од над стотина научни објавени трудови во мноштво научни списанија од локални и меѓународни истражувачи. Ова е секојдневието на близу милион жители на главниот град. Сите жители на Скопје се будат и легнуваат во најзагадениот град во Европа и тоа со години.

Анализите како главни извори на загадувачи ги набројуваат: домашните системи за греење, сообраќајот, индивидуални индустриски загадувачи, а во последно време и градежната индустрија. Загадувањето на воздухот во Скопје потекнува најмногу од локални емисии кои се засилени поради локалната топографија и лошите атмосферски услови.

skopje pollution16Вториот факт е дека ниту локалната ниту централна власт не успева да го постави проблемот со воздухот како главен и најгорлив проблем со кој треба да се справи. Не постои поважен, побитен и позначаен приоритет од тоа да се покаже политичка волја да се започне со решавање на состојбата со воздухот. Државните органи на располагање имаат низа, буквално километри студии, анализи, предлози и можности, доставени од нив од претходните владејачки гарнитури, меѓународни тела како и граѓанските организации и движење кои бараат одговорност и акциски план. Граѓаните се уморни од „преспивање“ на зимата, празни изјави, флоскули и документи и прогласи кои никако не може да се материјализираат.

Состојбата со животната средина не смее ниту да биде мегдан за меѓупартиски пресметки, обвинувања и креирање на дополнителен метеж на информации. Сите гласачи на сите политички блокови, заедно со кандидатите, претендентите и челниците го дишат истиот загаден воздух.

skopje pollution 32Третиот и најфателен факт е оној дека состојбата на животната средина, особено квалитетот на амбиенталниот воздух не е избор, не е само еколошка тема – туку таа станува тема од најважен јавен интерес и јавна безбедност. Животот во загаден воздух со едноставни зборови ги убива граѓаните. Сите политичари и функционери кои нема да прифатат решенија за решавање на состојбата, свесно и самоволно учествуваат во најголемото масивно директно и индиректно разболување и убивање на населението на Скопје.

Да, топографијата и микроклимата не ни помагаат во борбата со животната средина и не постои меки решенија за ваков тврд и фундаментален проблем, но можеме да воведеме систем на регулирање на загаденоста без разлика на последиците кои одлучувачите ќе ги имаат по своите политички кариери во иднината. Но, и за тоа има решение – едукација, информирање и уверување на населението.

Редакција ДОМА

Фотографии: Томислав Георгиев