Сомнителна пренамена на државно земјиште во Долно Лисиче
Жителите на Долно Лисиче сметаат дека е загрозена безбедноста на нивните домови откако компанијата „Фивла Транспорт“ добила концесии за ископ на песок и чакал во непосредна близина на куќите во оваа населба. Тие се сомневаат дека има скриени игри зад доделувањето на концесиите со оглед на тоа што станува збор за државно земјиште коешто веќе е дадено на управување на Земјоделскиот факултет при УКИМ од каде што со години го користат како расадник. Владата првично го одбила барањето на компанијата за концесии на оваа локација со оглед на тоа Општина Аеродром дала негативно мислење, но подоцна ја преиначила одлуката.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии.
Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Влатко Џиковски
Монтажа: Ристе Душковски