Велешани јадат и извезуваат зеленчук збогатен со олово и кадмиум
Зеленчук збогатен со олово и кадмиум над дозволените граници секојдневно завршува на трпезите во Велес, а некои земјоделски култури како што е младиот кромид се извезува надвор од земјата. Ваквата состојба е резултат на долгогодишното загадување на воздухот и почвата од велешката топилница.
Иако не работи со години остатоците од работењето на топилницата како што е ридот од троска – отпадок од преработката на олово и цинк се уште ја загадува природната средина во Велес. И покрај постојаните апели на стручните лица и еколошките здруженија, државата не презема никакви мерки за чистење на почвата и менување на културите кои се одгледуваат во велешко. Нашата екипа излезе на терен и за овие сознанија побара одговори од надлежните институции.
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Владимир Тевчев
Снимател: Иван Камчев