Планината Беласица во Бугарија е парк на природа, а во Грција, национален Парк. Веќе со години постои план и македонската страна на Беласица да се прогласи за заштитено подрачје. Во биогеографските граници на Беласица, засега постои само мала мрежа на заштитени подрачја. Тоа се Колешинските и Смоларските водопади, како и Моноспитовското Блато – сите споменици на природата.

Локалното население и стручната јавност од трите државни се согласни дека Беласица е значајна и треба да се зачува. Кај нас изгледа единствено недостасува политички интерес и волја да се грижиме за националната природа.

ТВ верзија

Албанска верзија

Документарниот филм „Беласица – приказна за природата што ја делиме“ го изработи Институтот за комуникациски студии.