Ден на планетата Земја

22 април 2020

Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја. Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот.

Оваа година, јубилејно по 50 пат светот го одбележува Денот на планетата Земја. Денеска, го славиме чудото наречено живот што за сега знаеме дека постои само на оваа сино-зелена топка која плови во Универзумот. Големите еколошки и природни катастрофи за кои сведочиме треба да ги разбереме како порака што Мајката Земја ни ја испраќа на сите.

Ги поканивме Претседателот Стево Пендаровски и британската амбасадорка Рејчеј Галовеј заедно да го одбележиме Денот на планетата Земја и да испратиме порака дека сите заедно мора да учествуваме во подобрувањето на животната средина и во намалувањето на последиците од климатските промени.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии.

    Поврзани приказни