Во потрагата по решенија за проблемот со подивените кучиња, Диме и Александар разговараат со колешката од Романија, Теодора Син. Таа со години ги истражува романските Карпати и нивниот биодиверзитет. Како Романците, како дел од Европската Унија, се справуваат со истиот проблем? Дали постојат мерки кои би можела и Македонија да ги примени? Или пак, преземени се мерки кои ги нарушуваат правата на животните и нивната добробит? Потрагата по решенија на Диме и Александар станува се покомплексна.
Гледајте ја втората епизода од серијалот Дивина, изработена во соработка со Македонското еколошко друштво.