Природа на продажба

22 април 2024

Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување.

Карпестите ридови на Плетвар се единствениот дом на редок вид пеперутка, стеноендемит наречен македонска сивка. Името потекнува од бојата на нејзините крилја – особина што ја користи за да стане помалку видлива за предаторите.

Последното истражување на терен, направено во 2012 година од тим на национални и меѓународни ентомолози, покажало намалување на популацијата на македонската сивка до 30%. Во студијата, 5 од 7 локации означени како дом на Сивката докажано е дека се претворени во каменоломи за мермер. Но, има уште еден, помалку видлив, непријател на оваа ретка пеперутка. За изненадување, доаѓа во форма на пријател – љубител на пеперутки. Посетителите кои на лето минуваат низ Плетвар, се воодушевуваат на природата и ја фотографираат, сепак, неретко ја ловат македонската сивка, а потоа, во форма на препариран трофеј, ја поставуваат на интернет за продажба. Во неколку европски земји има трговски друштва и веб-страници на кои може да се купи примерок од една од најретките и најзагрозените пеперутки во Европа за само околу 30 евра.

Тимот на Дома, заедно со соработниците од DW Europe, ги нарача овие примероци преку интернет и лабораториски го процени времето на нивното заловување. Во 2011 година, сивката станува заштитена со закон во Македонија, со што се забранува нејзиниот лов, шверц и продажба. Сепак, овој закон не се почитува.

Истражувањето за кој е одговорен за кршењето на овој закон и зошто на европските пазари за инсекти продажбата на овој заштитен вид е неказнета е основа на филмот „Природа на продажба“. Целиот проект е финансиран од European Journalism Fund.

Филм на:

Жанета Трајкоска, Ана Алексовска, Кирил Пржо Арсовски, Владимир Николоски, Флоријан Шмиц

Режија: Ана Алексовска

Наратор: Ѓорѓи Нешкоски

Монтажа: Мајда Бошњак Атанасовска

Анимација: Филип Велковски

Камера: Иван Поповиќ, Наке Батев, Бјорн Шнајдер

Дрон: Љубомир Домазетов

Макро-камера: Велијан Јагев

Дизајн на звук: Горан Стојчевски

Продукција: Институт за комуникациски студии и Deutsche Welle Europe

Финансирано од: European Journalism Fund

    Поврзани приказни