fbpx


За Дома
Дома е едукативна еколошка онлајн платформа на Институтот за комуникациски студии.
За ИКС
IKS
Мисијата на ИКС е да помогнеме во зајакнувањето на македонската демократија во работата со медиумите, граѓанското општество и јавните институции, едуцирајќи критична јавност која ќе бара поголема транспарентност и отчетност преку вклучување на граѓаните во креирањето јавни политики.
+389 2 3090 004
Поврзани страници
Samo Prasaj logo

ResPublica logo
balkanot i makedonija se na patot na ciklonite koi poradi klimatskite promeni dobivaat sila featured

Балканот и Македонија се на патот на циклоните кои поради климатските промени добиваат сила

Бурата Даниел во септември во Грција на некои места истури и до девет пати поголеми количини вода отколку што наврнаа во катастрофалното невреме во скопско во 2016-та година кога загинаа над 20 лица. Во бурата во Грција загинаа десетина лица, а уништи голем дел земјоделското земјиште и производството на храна кај нашиот јужен сосед. Невремето ги поплави и Турција и Бугарија.

Борис Секирарски, метеоролог и иноватор на системот за предупредување од екстремни климатски настани – ЕЛИФ вели дека Балканот и Македонија се на патот на овие циклони кои поради климатските промени добиваат сѐ повеќе сила.

balkanot i makedonija se na patot na ciklonite koi poradi klimatskite promeni dobivaat sila 1

Прашањето е: Дали Даниел е случајност , инцидент, историско невреме кое не може да се очекува дека наскоро ќе се повтори. Секирарски потсетува дека во САД три години по ред се случува доаѓање на ваква голема вода и дека оценката дека се случило стогодишно невреме воопшто не значи дека тоа не може да се повтори два пати само во една година.

Кои се најкритичните места во Македонија доколку нѐ зафати бура силна како циклонот Даниел кој го опустоши централниот дел на Грција и предизвика катастрофа во Либија?

balkanot i makedonija se na patot na ciklonite koi poradi klimatskite promeni dobivaat sila 2

Професорот од Шумарски факултет, Иван Блинков, вели дека секогаш се ризични теченијата на големите реки кои се излеваат во котлините како Пелагонија, по течението на Брегалница, кај Струмица, Скопското и кумановското поле, па донекаде и Полог. Но, речните поплави се побавни и може да се реагира, а поголема опасност по човечките животи е од пороите.

Бурата Даниел која помина преку Балканот во септември и на само 160 километри од македонската граница стури рекодрни количини на вода го доби епитетот „најмрстоносен медитерански тропски циклон во историјата“. Даниел по неколкудневно пустошење низ Грција, во делови од Бугарија и Турција прејде во Либија каде под притисокот на водата се урнаа две брани од чиј поплавен бран се проценува дека во градот Дерна загинаа десетина илјади луѓе. Со професорот Стевчо Митовски од катедрата по хидрологија на Градежен факултет разговаравме во каква состојба се браните во Македонија и дали би можеле да издржат притисок сличен на тој од Даниел:

Целиот поткаст под наслов „Имавме к’смет со бурата Даниел“ може да го слушнете на следниот линк.

Сподели