Климатски промени – ем сме на удар, ем сме со очи широко затворени
И покрај големите пожари коишто лани ја пеплосаа Малешевијата и проголтаа илјадници хектари шума, поплавите од 2016-та коишто однесоа 20-ина човечки животи, големото аерозагадување со коешто се бориме секоја зима, повлечените езера и сушата, дел од населението со недоверба гледа во светот што се менува пред нашите очи. Треба да се работи на подигнување на свеста за климатските промени и на зајакнување на капацитетите на институциите, во спротивно, земјава ќе заврши со неинформирани граѓани кои неподготвени ќе се соочат со временски екстреми
Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии
Новинар: Мартин Пушевски
Снимател: Иван Поповиќ
Монтажа: Ристе Душковски